Русите имаат одговор ако Американците ја „ископаат воената секира”: Ракетата „Курјер” на Арктикот

Пробно тестирање на ракета РС-12М „Топол”.

Пробно тестирање на ракета РС-12М „Топол”.

Единствениот советски проект „Курјер“, замрзнат 1991 година, повторно станува актуелен во врска со заканата на САД дека ќе го напуштат Договорот за уништување на балистичките ракети со среден и мал дострел.

Се работи за мобилен копнен ракетен систем со интерконтинентална балистичка ракета со мали габарити на цврсто гориво. Тој систем би можел да стане „симетричен одговор“ на Америка, според мислењето на неименуван експерт од ракетно-космичкиот сектор, цитиран од  „Воено-промишлени курјер“.

„Ако Американците ѝ се вратат на идејата да распоредат балистички ракети со среден дострел во Европа, тоа ќе значи дека тие за 7-10 минути стигнуваат до руските стратешки објекти во европскиот дел на Руската Федерација“, објаснува стручњакот.

За да воспостави Русија рамнотежа на силите, ќе биде доволно да распореди ракети во Арктичкиот регион, смета тој. Оттаму времето на лет до американските стратешки објекти е отприлика исто.

Во тој случај би биле добредојдени интерконтиненталните балистички ракети 15Ж59 „Курјер“. Малите габарити (должина 11,2 метри, а маса 15 тони) овозможуваат ракетата да се скрие во обичен товарен контејнер и со обичен сообраќај незабележително да се префрли во која било точка на Русија.

Тоа и беше главната замисла на советските конструктори. Нека се обиде некој да открие маскиран „Курјер“ на бескрајните простори на Русија.

Конструкторите успеаја да обезбедат интерконтинентален дострел и многу брзо лансирање на ракета со толку мала стартна маса, а се сметаше дека тоа е неизводливо.

Меѓутоа, овој проект е затворен кога на 6 октомври 1991 година со САД беше постигнат договор за прекин на развојот на лесни интерконтинентални балистички ракети.

Експертот е убеден дека сега постојат можности проектот брзо да се обнови и тоа на ново технолошко ниво, уште повеќе што овој ракетен систем не е во спротивност со важечката спогодба.

Работата над ракетниот систем „Курјер“ (SS-X-26 по класификацијата на НАТО) е почната на 21 јуни 1983 година на Московскиот институт за термофизика. На тој чекор рускиот воен врв беше поттикнат од фактот дека самоодните лансери со големи габарити не можат да се сокријат од американските вселенски средства за оптичко и радарско извидување. За овој систем првично е конструиран лансерот на 8 тркала МАЗ-7909, а потоа на 10 тркала. Ракетите беа тестирани четири пати – од март 1989 до мај 1990 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња