До 2026 година претпријатијата на LADA ќе работат со полн капацитет
Global Look PressНовите модели LADA ќе излезгуваат на рускиот пазар на автомобили во етапи, објасни Мор. Така, до 2019 година локалните љубители на автомобили ќе ја добијат можноста да се израдуваат на два сосем нови автомобили. За истиот период 4 модели на брендот ќе излезат со верзии од нова генерација.
Ако наведените новитети покажат добри резултати во следните 2 години, во наредните 5 години е планирано да бидат произведени уште 10 нови модели на LADA за внатрешниот пазар и да бидат направени промени во производството на други 7 модели.
Мор ветува дека до 2026 година претпријатијата ќе работат со полн капацитет. Се работи за една производствена линија во Ижевск и три во Тољати.
За првите 9 месеци од 2017 година испораките на автомобили LADA се зголемиле до околу 225300 единици, што означува раст 17,3%. За идната година е планирано да излезе LADA Connect.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче