Lada Largus: Поголема сила за истите пари

АвтоВАЗ
Во Русија во октомври се појавија возила во фургон верзија со мотори со подобри перформанси од оние кои ги имаат Lada XRay и Vesta.

Од прес-службата на АвтоВАЗ е соопштено дека сите автомобили од семејството Largus добиле 16-вентилни мотори со зафатнина од 1,6 литри, со 106 коњски сили (4 повеќе) и вртежен момент од 148 Нм. Овие возила се опремени со модернизиран менувач „Рено“.

Производителот нагласува дека цените на возилата останале исти – караванот чини од 620400 рубли (над 9000 евра), фургон верзијата од е 594800 рубли (околу 8700 евра), а Largus Cross почнува од 674900 рубли (околу 9900 евра).

Претходно беше најавено дека од производната лента ќе се симне Lada Largus на бензин и гас. Таквиот караван би бил вториот модел од оваа марка автомобили по Lada Vesta со фабрички вграден резервоар за гас.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња