На денешната изложба Off-Road Show 2015 АвтоВАЗ ја претстави новата верзија на перспективниот универзален автомобил Lada Vesta Cross. Како што се очекуваше, тоа е практичен автомобил со динамичен облик. Предниот дел на автомобилот е речиси идентичен со седанот Vesta, а потоа почнува некаков вид на „магија“ – околу 300 новитети кои се однесуваат не само на изгледот на автомобилот, туку и на салонот и на техничкиот дел.
За да може да биде претставен на време, соработниците на „ АвтоВАЗ“ кои работат на проектот Vesta се откажаа од годишниот одмор. И нема во тоа ништо чудно, затоа што почетокот на производството на седанот започна на 25 септември, а по една година ќе почне и сериското производство на универзалниот автомобил Vesta и, веројатно, неговатa Cross верзија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче