Lada меѓу најпопуларите автомобили на светот

Спортскиот концепт на Lada Xray на Московскиот меѓународен саем на автомобили во Москва, 2016 година.

Спортскиот концепт на Lada Xray на Московскиот меѓународен саем на автомобили во Москва, 2016 година.

Сергеј Савостјанов/ТАСС
Руската марка Lada се најде на 50 место на листата најпродавани автомобили со продадени 149,5 илјади примероци во светот.

Lada се најде на светскиот рејтинг за продажба на автомобили по крајот на првата половина на 2017 година, соопштува „Автостат“ повикувајќи се на аналитичката агенција focus2move.

На овој список руската марка ја зазема 50 позиција: од јануари до јуни 2017 ширум светот (и Русија) се продадени 149,5 илјади такви автомобили, што е за 11,8% повеќе од претходната година. Притоа уделот на руската марка изнесува 0,3% од севкупната продажба на автомобили во светот. Соседи на листата се брендовите како што се „Кадилак“, Roewe, MINI и BYD, чии показатели изнесуваат од 167 до 185 илјади продадени автомобили.

Лидер на светскиот пазар е „Тојота“ со резултат од 4,28 милиони автомобили (+4,4%) во првото полугодие на 2017 година. Во првата тројка се најдоа и „Фолксваген“ (3,22 милиони; +1%) и „Форд“ (3,06 милиони единици; - 2,2%).

АвтоВАЗ ја произведува „Лада“ од 1966 година. Претходно називот се користеше само за возила за извоз, а за внатрешниот пазар автомобилите се произведуваа под марката „Жигули“. Компанијата ја контролира заедничко претпријатие на „Ростех“ и „Рено-Нисан“, пишува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња