„Автоваз” почна со производство на две нови верзии на моделот Lada Vesta

LADA VESTA SW CROSS

LADA VESTA SW CROSS

Автоваз
Најголемиот руски производител на патнички автомобили „Автоваз” во понеделникот, 11 септември, соопшти дека почнува со сериско производство на две нови верзии на моделот Lada Vesta SW и Vesta SW Cross.

„Првите автомобили излегоа од производствената лента на Lada-Ижевск”, се наведува во соопштението на сајтот на „Автоваз”.

Lada Vesta SW

Новите автомобили од производствената линија Vesta спаѓаат меѓу најбараните на рускиот пазар, соопшти рускиот концерн. Се очекува новите возила да се најдат во продажба веќе есенва.

Двете нови модификации се дел од производствената линија Vesta која е на трето место по популарност во Русија.

Тестирани се повеќе од 100 прототипови на Vesta SW и Lada Vesta SW Cross. Возилата успешно ги поминаа сите испитувања, како и тестирањата за безбедност на патниците при судир не само во лабораторија, туку и во реални услови на пат.

Легендарната „Лада”: Од првите модели до современите брендови

Lada меѓу најпопуларите автомобили на светот

АвтоВАЗ ќе произведе 1000 уникатни автомобили Lada Vesta за рекордно време

Lada Vesta најпродаван седан од С-класа во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња