Во август почна продажбата на Lada Niva Elbrus Edition

„АвтоВАЗ“ соопшти дека почнува продажбата на специјалната серија на теренското возило Lada 4x4 - Elbrus Edition.

„АвтоВАЗ“ соопшти дека почнува продажбата на специјалната серија на теренското возило  Lada 4x4 - Elbrus Edition. Цената на возилото е 411 илјади рубли (околу 5730 евра).

Од стандардниот модел новата верзија се разликува по оригиналните лиени дискови за тркалата со пречник од 16 инчи и новиот тапацир на седиштата. Каросеријата може да  биде во специјални бои: маслинестозелена „Гравилат“, црна „Пантер“ и светлоцрвена металик „Пламен“.  Натписот Elbrus Edition покажува дека возилата спаѓаат во ограничена верзија, пренесува порталот vaz.110km.ru.

Почетокот на испораката на Lada 4х4 Elbrus Edition се совпаѓа со завршувањето на експедицијата на Елбрус во автомобилите Lada 4x4. Тимот на проектот  „Дивјаци“ во теренските возила се искачи на висина од 3658 метри. Притоа автомобилите имаа минимална дополнителна опрема и успеаја да се вратат во рамнината.

Во јули продажбата на теренските возила Lada 4x4 во Германија ги надмина показателите на моделите како што се Lexus NX и Volvo XC 70. До средината на летото во Германија се продадени 92 автомобили Lada 4x4 (на западниот пазар се познати под брендот Lada Niva).

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња