Lada Granta
Lada.ruНа првото и второто место се најдоа моделите Granta и Kalina. Тие под хаубата имаат ист мотор со зафатнина од 1,6 литри и 106 коњски сили. Со користење на мануелен менувач просечната потрошувачка на гориво на сто километри изнесува 8,6 литри. Притоа во градски услови троши 6,5 литри, а на патиштата вон градот 5,6.
На третото место се наоѓа Lada Vesta. Повторно со истиот мотор, но со автовазовски „робот“ потрошувачката на гориво изнесува девет литри во комбиниран режим. Четвртата позиција ја зазема хечбекот Lada Xray опремен со мотор со зафатнина од 1,8 литри и 122 коњски сили, како и автоматски менувач. Овој модел троши 9,6 литри.
Петтото место му припадна на моделот Lada Priora. Со 1,6 литарски мотор и механички менувач оваа Lada троши 9,9 литри на сто километри. Шестата позиција ја држи Lada Largus со потрошувачка од преку 10 литри, а на крајот на листата се наоѓа Lada 4x4 (12,1 литри).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче