Системот за разузнавање е дел од составот на борбената опрема „Ратник“ и претставува индивидуален мобилен компјутер. „Стрелец“ располага со низа уреди, затоа што е предвидена и можност за негово обединување со други системи.
„Благодарение на уникатната мрежа, командирот на одделението може во реално време да испраќа тековни информации до своите потчинети, како и да добива информации за противникот по затворени канали“, изјави командантот на Западниот воен округ генерал-мајор Александар Перјазев.
„Обичниот војник треба да притисне само неколку комбинации на копчиња и координатите на неговата местоположба или позициите на противникот се појавуваат на компјутерот на командирот. Началникот на единицата може без проблем да ги комбинира добиените податоци со електронската карта на месноста или со снимка на наведениот реон, добиена од сателит, што овозможува повисоко ниво на организација на школско-борбените активности на единицата“, објасни командантот на моторизираната дивизија на Западниот воен округ генерал-мајор Андреј Рузински.
Системот „Стрелец“ влезе во состав на вооружувањето на руската војска во 2007 година. Тој вклучува пулт за оперативно управување, регистратор на животните показатели на војникот, радиостаница за сателитска комуникација, далномерен и агломерен прибор, преносен радар за блиско извидување „Фара-ВР“, гарнитура со функции за активна контрола на звук и засилување на тивки звуци.