Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека опремата „Ратник” ги надминува странските пандани по квалитетот на оклопната заштита, а домашните конкуренти два или три пати според своите параметри.
„По сите карактеристики оваа борбана опрема ги надминува постојните домашни пандани два до три пати. Освен тоа, таа не само што не заостанува зад странските модели, туку ги надминува по низа параметри. Пред сѐ по квалитетот на средствата за оклопна заштита“, изјави рускиот министер, пренесува „Взгљад”.
Кон крајот на мај беше соопштено дека „Рособоронекспорт” планира на светскиот пазар да ја пласира опремата за „војникот на иднината“ „Ратник”, како и напредно стрелечко оружје.
„Ратник” се смета за „комплет за војникот на иднината”. Составен е од околу 40 елементи, вклучувајќи вооружување, нишани, средства за комуникација, навигација и наведување. Опремата е веќе проверена од руските војници во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче