Претседателот на Русија Владимир Путин со примерок на воената опрема „Ратник“ при неговата посета на концернот „Калашников“ во Ижевск.
Сергеј Гунеев/РИА „Новости“Јуришниот комплет на борбената опрема од втора генерација „Ратник“ може да издржи директен погодок од снајперска пушка „Драгунов“ (СВД) на оддалеченост од 10 метри. Притоа заштитени остануваат градите, грбот и препоните, изјави за РИА „Новости“ главниот дизајнер за животна поддршка на опремата при ЦНИИТОЧМАШ Олег Фаустов.
„Во општиот војнички комплет панцирот штити од куршум со челична срцевина при истрел на растојание од 10 метри од пушка СВД 7,62 мм (градите и грбот). Во јуришниот комплет панцирот штити од пробивно-запаливи куршуми при истрел на растојание 10 метри од 7,62 мм пушка СВД - градите, грбот, боковите и препоните“, изјави Фаустов.
Тој, исто така, истакна дека „барањата за заштитните карактеристики на опремата од трета генерација ќе бидат прецизирани од Министерството за одбрана на Русија во блиска иднина, но намалување на заштитните својства ќе нема“.
Претходно генералниот директор на Централниот научно-истражувачки институт за прецизно машинство (ЦНИИТОЧМАШ) Дмитриј Семизоров изјави дека борбената опрема на војникот на иднината „Ратник“ успешно ја поминала борбената примена во Сирија, во текот на која ниту еден од нејзините заштитни елементи не бил погоден.
Сериските испораки за руските вооружените сили на опремата за „војникот на иднината“ од втората генерација „Ратник“ почнаа во 2017 година.
Во моментов се врши научно-истражувачка работа за развој на борбената опрема од трета генерација (Ратник 3). Во својот состав таа ќе има шлем со интегриран систем за контрола, борбен егзоскелет, противмински обувки и други елементи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче