Како што нагласи тој, 200 илјади рубли е основната цена на комплетот.
Колку за споредба, основната цена на комплетот француска опрема под називот Фелин изнесува околу 200 илјади долари, наведе Семизоров.
До 2020 година армијата ќе биде во целост опремена со „Ратник 2“, а во овој момент на воените единици им се испорачани повеќе од 200 илјади комплети, рече Семизоров.
Генералниот директор додаде дека двете нови автоматски пушки „Калашников“ и „Дегтјарев“ би можеле да бидат вклучени во опремата „Ратник 2“ по нивното тестирање во војската.
Во декември оваа година истекува рокот за пробна употреба на автоматите „Калашников“ - Ак-12 и Ак-103 и „Дегтјарев“ - А-545 и А-762 во воените единици, а потоа ќе биде донесена одлука кој од овие два автомати ќе биде вклучен во опремата „Ратник 2“, додаде Семизоров. Опремата „Ратник“ руската војска веќе ја тестираше во Сирија. Во нејзиниот состав влегуваат околу 40 елементи вклучувајќи вооружување, нишани, средства за врска, навигација и одредување на цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче