Новиот руски рачен часовник издржува дури и нуклеарна експлозија

Ростех
Државната корпорација „Ростех” презентираше воен рачен часовник како дел од борбената опрема „Ратник”, кој може да издржи дури и... нуклеарна експлозија!

Рачниот часовник го проектираа стручњаците од Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство, дел од корпорацијата „Ростех”. Часовникот е дел од новата борбена опрема на припадниците на руските Копнени сили, Воздушно-десантните сили, крајбрежните сили на Воената морнарица и специјалните единици. Часовникот е наменет за утврдување на времето и има посебни карактеристики.

Како што тврди „Ростех”, часовникот е тежок најмногу 100 грама, има зголемена отпорност на удар, апсолутно е отпорен на електромагнетно дејство, може да издржи дејство на средства за електронско војување, па дури и последици од нуклеарна експлозија. Механичкиот часовник со автоматско навивање овозможува брзо и точно утврдување на времето во тешки климатски и други услови со извршување на секојдневните и борбените задачи.

Часовникот може да функционира на температура од -40 до +50 °С, при дејство на сончево зрачење, па дури и на електромагнетен пулс, на пример, при нуклеарна експлозија. Според зборовите на главниот конструктор на системите за обезбедување на животни услови во состав на тимот за проектирање на воената борбена опрема Олег Фаустов, ако војникот се најде под дејство на електромагнетен бран на атомска бомба, часовникот ќе продолжи да функционира без пречки.

„Ростех” наведува дека војниците можат да го читаат времето од часовникот без потешкотии во услови на секакво осветлување, па дури и во случај на целосно отсуство на светлина. Часовникот сигурно функционира на раката и не претставува пречка при извршувањето на различни задачи. Постои и водоотпорна варијанта за морнарицата со која војниците можат дури и да пливаат. Рокот на траење на уредот е најмалку 10 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња