Руската армија доби „челичен монструм“

Тенкови Т-72Б3 на плоштадот „Дворцоваја“ во Санкт Петербург на генералната проба по повод Парадата на Денот на победата во 2016 година.

Тенкови Т-72Б3 на плоштадот „Дворцоваја“ во Санкт Петербург на генералната проба по повод Парадата на Денот на победата во 2016 година.

Игор Русак/РИА „Новости“
Министерството за одбрана на Русија привршува со формирањето на 150 механизирана пешадиска дивизија.

Формирањето на 150 механизирана пешадиска дивизија веќе е при крај, пренесува „Взгљад“.

Покрај два механизирани и два тенковски полкови, во составот на 150 механизирана пешадиска дивизија има и артилериски и ракетни полкови, баталјон за извидување и разузнавање, баталјон за врска и други единици.

Тенковските полкови на новата дивизија ќе бидат вооружени со модернизираните тенкови Т-72Б3 со дополнителна заштита.

Благодарение на необичната структура, новата дивизија ќе добие уникатни маневарски можности и огнена моќ, а бројот на живата сила и помошната техника значително ќе се намали.

Војската ѝ го даде прекарот на новата дивизија „челичниот монструм“.

Во септември 2016 беше соопштено за почетокот на формирањето на 150 механизирана пешадиска дивизија. Во Ростовската област. Таа стана наследник на 150 Идрицко-Бердинска механизирана пешадиска дивизија која го зазеде Рајхстаго во Берлин на 30 април 1945 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња