Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2016“ во Подмосковје.
Alexey Filippov/RIA NovostiРуските производители на оружје претставија на 11.000 модели современо оружје на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2016“ во Подмосковје. За вас ги избравме највпечатливите новитети.
Авионска бомба „Дрељ“. Извор: Дмитриј Решеников / ТАСС
Касетната бомба која е тешка 540 килограми е наменета за уништување цели на оддалеченост од 30 километри. Се применува против непријателската оклопна техника, командните пунктови и енергетските погони. Може да има топлотно или радарско насочување.
Функционира и во услови на природно и вештачко попречување.
Робот „Соратник“. Извор: Press Photo
Станува збор за систем кој нуди поддршка на војниците со отворање оган на непријателот, патролира и ја чува територијата. Има далечинско управување со можност за модернизација која ќе овозможи автоматско функционирање без учество на човек.
Системот има шасија со гасеници. На него може да се монтира лесно стрелечко оружје. Во основната варијанта се испорачува со армискиот автомат АК-74М и со снајперската пушка Драгунов.
Самоодно артилериско орудие „Флокс». Извор: Ладислав Карпов / ТАСС
Ова е прво самоодечко артилериско оружје со калибар од 120 милиметри. Тоа е спој на далекстрелно оружје, хаубица и минофрлач. Може да отвори оган врз непријателски точки оддалечени од 100 метри до 10 километри.
На покривот на оклопното возило има далечински борбен модул со митралез „Корд“ со калибар од 12.7 милиметри.
Јуришен робот „Уран-9“. Извор: Ладислав Карпов / ТАСС
Овој робот го извидува теренот и ги покрива војниците со отворање оган врз непријателот, а може да учествува и во антитерористички операции. Има автоматизиран топ со калибар од 30 милиметри, митралез со калибар од 7.62 милиметри и противтенковски насочувачки ракети Атака.
Роботот функционира на оддалеченост до 3 километри од операторот. До крајот на 2016 година вооружените сили ќе добијат пет вакви системи.
Секој од нив има по четири борбени возила во варијанта робот-набљудувач или робот за покривање војници со отворање оган врз непријателот, како и еден мобилен команден пункт и два влекачи.
Возило за противвоздушна одбрана „Гибка С“. Извор: Press Photo
Системот е наменет за заштита на единиците од непријателските авиони на мали и на исклучително мали височини (500, односно 150 метри). Возилото има најнов пренослив зенитен противвоздушен систем Верба и осум ракети.
Лесен рачен митралез РПК-16. Извор: Григориј Сисоев / РИА „Новости“
Новиот РПК-16 со калибар од 5.45 милиметри е темелна модернизација на советскиот митралез РПК-74.
Овој модел има Пикантиеви шини, така што на него можат да се монтираат сите видови нишани – оптички снајперски, ноќни термални и колиматорски.
Според конструкторот, војникот сега може да отвори оган со поединечно пукање и да погоди мета со широчина од 20 сантиметри на оддалеченост од 300-400 метри (според тактичко-техничките карактеристики, митралезот уништува непријателска жива сила на растојание од 800 метри).
РПС-16 има нов полесен барабан во кој влегуваат 96 куршуми. Со сите додатоци митралезот сега тежи само 4.5 килограми.
Извидувачки робот „Виор“. Извор: Дмитриј Решетникв / ТАСС
Роботизираниот набљудувачко-офанзивен систем „Виор“ е создаден на платформата на возилото за пешадија БМП-3. Може да се монтира на шасија со гасеници или со тркала. Има топ со калибар од 30 милиметри и митралез со калибар од 7.62 милиметри, како и противтенковски наведувачки ракети Корнет М.
Системот може во автоматски режим да ја открие и да следи цел, но решението за отворање оган и понатаму ја носи операторот на модулот. Вихор може да се користи и ноќе, благодарение на камерата со висока резолуција и на термовизиската камера.
Плавечки оклопен транспортер БТ-3Ф. Извор: Press Photo
Новиот транспортер-амфибија собира 12 маринци и отпорен е на куршуми од митралез Владимиров со калибар од 14.5 милиметри испукани од далечина од 20 метри.
На покривот на транспортерот поставен е борбен модул со далечинско управување со митралез со калибар од 7.62 милиметри и телевизиски и термовизиски нишан.
Подоцна на покривот може да се монтира и митралез со калибар од 12.7 или 14.5 километри, како и фрлач на гранати со калибар од 30 или од 40 милиметри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче