Кои трупи ќе останат во Сирија?

Рамил Ситдиков / РИА „Новости“
Русија повлекува од Сирија повеќе од половината ловци и бомбардери, а притоа остануваат системите за ПРО и флотата во Средоземното море, велат за „Руска реч на македонски“ руските воени експерти. Без оглед на повлекувањето на основниот дел од војската, вооружените сили ќе продолжат со напади врз позициите на борците од ИДИЛ.

Вооружените сили на РФ започнаа да ги повлекуваат своите единици од Сирија. Според воените аналитичари, трупите на руските воено-воздушни сили во регионот ќе бидат во значително помал број, но операцијата против борците на ИДИЛ и на Џебхат ан Нусра ќе продолжат.

„Бројот на борбени летови е нагло намален, тие се изведуваат најмногу ноќе. Но, примирјето во Сирија не важи за групите кои од страна на Русија и на силите на меѓународната коалиција на САД се признаени за терористички. Вооружените сили на РФ продолжуваат со напади врз позициите на борците од ИДИЛ“, ВЕЛИ ЗА „Руска реч на македоснки“ главниот уредник на магазинот „Арсенал Отечества“ и член на Експертскиот совет на воено-индустриската комисија на РД Виктор Мураховски.

Кој се повлекува?

Утрото на 15 март првата група руски воени ловци и бомбардер полетаат од Сирија кон пунктот на нивната постојана дислокација, се вели во соопштението објавено на сајтот на Министерството за одбрана на РФ. Летовите се одвиваат во групи на чело со авионите на воено-транспортната авијација (Ту-154 или Ил-76), кои ги превезуваат инженерите и техничарите, а исто така и материјално-техничкиот имот.

Во ваква низа пилотите летаат до границата на Руската Федерација, по што заминуваат на своите аеродроми на постојано базирање.

„Од 60 ловци и бомбардери ќе бидат повлечени повеќе од половината, најверојатно две третини. Притоа бројот на нашите војници во Сирија ќе биде незначително намален – потребно е да се осигури безбедност на базите за постојана дислокација на војската на РФ на аеродромот Хмејмим и на пристаништето Тартус“, вели Мураховски.

Што оставаме?

Според Мураховски, хеликоптерските формации ќе останат во целосен состав за исполнување на спасувачки операции и за тактички превоз во Сирија. Исто така Русија ги остава своите воени советници за помош на сириското раководство во борбата со борците од ИДИЛ.

„Русија во целосен состав ги остава своите системи за противвоздушна одбрана во Сирија: зенитните ракетни комплекси С-400, ЗРК Бук-М3, ЗРК Тор-М2 и Панцир С-1. Исто така на источниот дел од Средоземното море продолжуваат да дејствуваат бродовите на ВМФ на РФ, кои ќе се менуваат еден со друг“, вели за „Руска реч на македонски“ полковникот на резервата и воен аналитичар на ТАСС Виктор Литовкин.

Според него, задача на флотата е да постави контрола и разузнавање не само за дејствијата на борците од ИДИЛ, ами и следење на бродовите на ВМС на НАТО, кои доаѓаат во Црното море со крилатите ракети ЅМ-3 и Томахавк.

„Москва иницира мировен процес и оди по патот на САД во Авганистан – ги остава своите потпорни пунктови и средствата за нивна одбрана. Повлекувањето на „борбениот“ дел од војската исто така е сигнал за претседателот Ал Асад, дека Русија нема секогаш да ги решава сириските проблеми на меѓународната арена и дека моменталната власт сега е сосема способна за самостојни политички дејствија“, вели за „Руска реч на македонски“ главниот уредник на магазинот „Русија во глобалната политика“ Фјодор Лукјанов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња