Според истражувањето на SIPRI за 2015 година Русија ги зголемила трошоците за одбрана за 7,5%, а буџетот на Министерството за одбрана достигнал 66,4 милијарди американски долари.
Светски лидер по трошоци се САД, кои во 2015 година потрошиле за одбрана 596 милијарди американски долари. На второ место се наоѓа Кина со буџет од 215 милијарди американски долари. Третото место во рангирањето на SIPRI го зазема Саудиска Арабија со трошоци во износ од 84,2 милијарди американски долари.
Во процентен еквивалент Русија е еден од лидерите според трошоците за одбрана како процент од БДП. На прво место според воени трошоци во листата на SIPRI се САД со 3,5% од БДП. Во Кина овој удел е изнесува 2,1%, а во Русија - 4,5%. Пред Москва се рангираат само Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати со трошоци од 10,4%, односно од 5,1%.
Во 2015 година Москва ги зголемила трошоците за одбрана во националната валута. Според воените аналитичари поради девалвацијата на рубљата и санкциите, дел од трошоците морало да бидат репрофилирани, а дел намалени.
Експертите од SIPRI очекуваат во 2016 година Русија да ги намали трошоците за одбрана.
За прв пат во 2011 година, вкупниот обем на воените трошоци во светот се зголеми за 1% и достигна 1,7 билиони американски долари.
„Од една страна трошоците за одбрана ја одразуваат ескалацијата на конфликтите и војните во многу региони на светот. Од друга страна тие покажуваат дека порастот на трошоците за воени цели во комбинација со високите цени на нафтата во текот на последната деценија е минато“, истакнува раководителот на проектот во SIPRI Сем Перло-Фриман во извештајот на организацијата.
Во 2015 година Русија ги зголеми трошоците за одбрана за 7,5% во национална валута. Всушност падот на цените на нафтата и курсот на рубљата во однос на доларот доведоа до испаѓање на Москва од тројката лидери на листата на SIPRI, бидејќи експертите од Стокхолмскиот институт водат пресметките за трошоци за одбрана според курсот на доларот.
Според воените експерти Москва ги намалува трошоците за воениот буџет во делот на „услугите“, но не ги намалува средствата за вооружување на војската и борбената подготовка на војниците.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче