Зошто на НАТО му паѓа незгодно од авионите на компанијата „Сухој“?

Су-57

Су-57

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Се смета дека ловечките авиони на компанијата „Сухој“ денес спаѓаат меѓу најдобрите на светот. Не само што овие авиони претставуваат конкуренција на американските ловци, ами по многу работи се и подобри од сличните авиони од странско производство.

1. Су-25

Су-25

Офанзивниот авион Су-25 е направен со цел да дава поддршка на офанзивните копнени единици. Тој не зависи од големи аеродроми зашто како писта може да користи нецелосно уредена лента за полетување и за слетување или патишта во близина на фронтот.

Ова е еден од најдобро вооружените авиони во Военото воздухопловство на Русија. Во зависност од поставените задачи Су-25 може да носи 32 вида оружје, меѓу другото и ракети воздух-воздух и воздух-земја.

Су-25 се користи над 40 години. За тоа време е користен во 18 воeни и вооружени конфликти на три континенти: од војната во Авганистан до операциите што Русија сега ги спроведува во Сирија.

2. Су-27

Су-27

Су-27 развива голема брзина и има големи маневарски можности. Се смета дека тоа е еден од најдобрите руски борбени авиони. НАТО за него го користи називот Flanker. Су-27 е подеднакво ефикасен и во борба и на аеромитинг, каде може да изведува сложени фигури на акробатско летање.

Конструиран е како одговор на американскиот Ф-15. Овие два модели никогаш се немаат судрено во вистински борбени дејствија. На воените вежби рускиот ловец беше подобар од ривалот на блиски дистанци, додека Ф-15 имаше поголеми шанси во поширок радиус.

Су-27

Денес десетина земји го користат Су-27. Необично е тоа што и САД се на тој список. Америка за обука во воздушните борби има откупено неколку ловци Су-27 од Украина и од Белорусија.

Су-27 е основен модел за многубројни модификации, меѓу кои се и ловците Су-30 и Су-35, како и палубниот ловец Су-33.

3. Су-57

Ова е најновиот руски ловец од петтата генерација кој доаѓа како замена за авионите Су-27 и Су-35. Главна конкуренција му се американските ловци Ф-22 Раптор и Ф-35 Лајтнинг.

Су-57, руски повеќенаменски ловец под петтата генерација демонстрира полетување на аерокосмичкиот саем МАКС-2019 во Жуковски.

Су-57 е првиот руски тактички авион во кој е применета технологијата „стелт“. Направен е така што им се приближува максимално на непријателските „стелт“ авиони и да ги принуди на блиска борба во воздух каде ќе дојдат до израз исклучително големите маневарски можности на рускиот ловец.

Новите седишта за катапултирање во овој авион можат да го спасат животот на пилотот на секоја висина, па дури и на земја. Планирано е во иднина авионот сам да „носи одлуки“ за катапултирање, без обврска пилотот да притисне на соодветното копче.

Денес Русија е единствената земја која го користи овој авион. Не постојат никакви тековни планови поврзани со извоз на Су-57 зашто би дошло до преклопување со пазарот на авионите Су-35 кои мошне успешно се извезуваат. Во иднина можен е извоз на најновиот ловец во Индија, Алжир, Кина, Виетнам, па дури и во Турција која е член на НАТО.

4. Сухој Суперџет 100

Сухој Суперџет 100

Сухој Суперџет 100 е првиот руски патнички авион кој е направен по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Конструкторите имаа желба тоа да биде руски авион „од глава до петици“, но факт е дека е направен со голем број странски делови, кои сочинуваат околу 70% од конструкцијата.

Авионот е високо оценет поради напредната авионика, ниската бучност на моторот, штедењето гориво и пристапната цена. Еден Суперџет е трипати поевтин од својот главен европски ривал, моделот А319.

Репутацијата Сухој Суперџет 100 беше сериозно доведена во прашање на 5 мај 2019 година кога во авионот од овој тип удри гром, по што беше прекината врската со контролата на летот на земјата. Авионот принудно слета на еден од московските аеродроми, но се запалија неговите мотори на пистата, поради што загина 41 лице.

Неколку месеци подоцна, во август 2019 година, мексиканската компанија „Интерџет“, најкрупниот менаџер за продажба на овие авиони надвор од Русија (поседува 22 авиони), соопшти дека привремено ја запира продажбата на Суперџет „од финансиски причини“.

Прочитајте исто така: Супериздржливи убијци: Зошто Русија и САД не се откажуваат од бавните офанзивци?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња