Претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Барак Обама го одобрија прекинот на огнот во Сирија, се вели во изјавата на рускиот лидер прикажана на телевизијата „Русија 1“.
„Тукушто се одржа телефонски разговор со претседателот на САД Барак Обама. Иницијативата за разговорот потекна од руска страна, но заинтересираноста неспорно беше заемна. Во текот на разговорот ги одобривме заедничките изјави на Русија и САД во својство на Меѓународната група за поддршка на Сирија за прекин на борбените дејствија во таа земја“, изјави Путин. Според неговите зборови, постигнатиот договор е „реален чекор за прекин на крвопролевањето“.
Притоа шефот на руската држава потенцираше дека режимот за прекин на огнот не важи за „Исламската држава“ и „Џебхат ан-Нусра“.
„Врз нив и понатаму ќе бидат нанесувани удари “, изјави Путин.
Рускиот лидер прецизираше дека сите завојувани страни во Сирија треба да ја потврдат својата согласност за примирје до 12:00 часот на 26 февруари. Опозицијата, истакна тој, треба задолжително да ги прекине борбените дејствија.
Претходно во понеделникот на сајтот на американскиот Стејт департмент беше објавено заедничко соопштение на Русија и САД за прекин на огнот во Сирија. Примирјето ќе стапи на сила на 27 февруари во 00:00 часот според времето во Дамаск, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче