Извор: ТАСС
Во 2017 година Русија ќе може да започне со создавање сопствена вселенска станица. Од развојот на рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица (МВС) ќе мора да се откаже, но обврските пред другите учесници во програмата до 2020 година ќе бидат исполнети. Се предлага дел од модулите кои претходно беа наменети за МВС да се воведе во составот на новата станица.
Во 2017 година Русија ќе може да започне со создавање сопствена вселенска станица. Од развојот на рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица (МВС) ќе мора да се откаже, но обврските пред другите учесници во програмата до 2020 година ќе бидат исполнети. Се предлага дел од модулите кои претходно беа наменети за МВС да се воведе во составот на новата станица.
Што ќе се случи со МВС?
Како што изјави изворот, близок до раководството на Централниот машински научно-истражувачки институт (водечкото научно претпријатие во браншата), лансирањето на руска орбитална станица со голем опфат во орбитата е еден од клучните предлози на проектот за развој на вселенските летови со екипаж за периодот до 2050 година. Овој документ го подготвува комбинирана група на Роскосмос и инволвираните научни организации. Се предлага руската станица да се распореди во вселената во периодот од 2017 до 2019 година.
„Примарната конфигурација ќе се формира врз база на повеќенаменски лабораториски и главен модул на вселенското летало „ОКА-Т“, изјави изворот повикувајќи се на предлозите на групата. - Работата на станицата ќе ја обезбедат бродовите „Сојуз-МС“ и „Прогрес-МС“, а во периодот од 2020-2024 година е можна доработка на енергетски и трансформирачки модули користени во програмата за слетување на Месечината.“
Без оглед на ова, не станува збор за прерано скратување на работата на МВС, според тврдењето на изворот. Москва има намера цврсто да ги исполни своите меѓународни обврски до 2020 года.
Ќе напомниме дека во мај наспроти заладувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон и воведувањето на санкциите одговорниот за вселенскиот сектор вице-премиерот Дмитриј Рогозин изјави дека Русија нема намера да ја пролонгира работата на МВС до 2024 година, како што предлагаат САД, туку парите за станицата ќе ги пренасочи кон други вселенски проекти. Во почетокот на ноември раководителот на Роскосмос Олег Остапенко му соопшти на првиот човек на NASA Чарлс Болден дека конечната одлука за пролонгирањето или за непролонгирањето на работата на МВС до 2024 година ќе биде донесена од РФ до крајот на годината.
Зошто ѝ е на Русија сопствена станица?
Логиката за создавање сопствена станица изворите во вселенскиот сектор ја објаснуваат со неколку фактори. Така, лансирањето на бродовите со екипаж „Сојуз-МС“ од космодромот Восточни под инклинација од 51,6 степени (тоа е инклинацијата на МВС) е заемно поврзано со голем ризик за екипажот на етапата на лансирање: во случај на непланирана ситуација, космонаутите ќе се најдат на отворено море.
Инклинацијата на сопствената орбитална станица ќе изнесува 64,8 степени, а трасата на летот на етапата на лансирање ќе поминува над копно. Освен тоа, параметрите за наоѓање на станицата ќе овозможат испорака на товар со помош на ракетниот космодром Плесецк. Според тоа, Русија веднаш ќе добие пристап до цивилната вселена од две места и ќе ги исклучи потенцијалните политички ризици при користењето на космодромот Бајконур.
„Новата станица ќе се наоѓа во геометриски поволна позиција со можност за проширен сектор за набљудување на површината на Земјата, изјави изворот. – Од станицата ќе се гледа до 90% од територијата на Русија и Арктичкиот гребен, а кај МВС овој коефициент надминува 5%“. Уште една нова функција на новата станица ќе бидат полетно-конструкторските тестирања на возилата со екипаж за месечевата инфраструктура: „Фактички станува збор за создавање на некаква почетна точка – отпрвин апаратите ќе бидат испорачувани до станицата, а веќе потоа ќе бидат упатувани до Месечината.“
Колку проектот ќе ја чини Русија?
Цената на проектот засега не се наведува. На почетната етапа на распоредувањето на вселенската станица ќе се користат модулите и апаратите кои беа дизајнирани за рускиот сегмент на МВС, - експертите сметаат дека тоа нема да повлече со себе дополнителни трошоци. Во програмата за МВС Русија учествува од 1998 година: денес Роскосмос троши на нејзината содржина помалку од NASA (само во 2013 година за оваа цел САД издвоија 3 милијарди долари), иако на Русија ѝ припаѓа правото на половина екипаж.
Пред да се вклучи во проектот за МВС, Русија го користеше орбиталниот комплекс „Мир“. Во 2001 година тој беше тргнат од орбитата и потопен во Тихиот океан, меѓу причините за тоа се наведуваше високата цена за неговото одржување – околу 200 милиони долари годишно. Во 2011 година поранешниот прв човек на Руската авиовселенска агенција Јуриј Коптјов призна: „Немаше никаква основа да се продолжи користењето на „Мир“ поради катастрофалната состојба, имаше дури и такви критички моменти кога ние едноставно ја губевме контролата над станицата во текот на вршењето корекции на орбитата на нејзиниот лет.“
За 24 ноември во Астана е планирано заседание на руско-казахстанската меѓувладина комисија на кое учество ќе земат не само сопретседателот на комисијата, првиот вицепремиер на РФ Игор Шувалов, но и Дмитриј Рогозин. Тој, заедно со Олег Остапенко и неговиот прв заменик Александар Иванов ќе може да одржи одделни консултации по прашањата за вселенските летови со екипаж, меѓу другото за втората етапа од изградбата на космодромот Восточни. Ќе напомниме дека лансирањето на летало со екипаж од тоа место треба да се случи во 2018 година.
Првпат објавено на руски во Комерсант.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче