Генетски мас-маркет

Новиот ДНК тест од Atlas Biomed Group започна кон крајот на септември. Извор: Ројтерс

Новиот ДНК тест од Atlas Biomed Group започна кон крајот на септември. Извор: Ројтерс

ДНК тестовите во Русија постепено добиваат масовен карактер. Бројот на клиентите на компаниите кои даваат услуги за истражување на геномот ова година порасна за 100 – 120 проценти. Кон крајот на септември започна новиот проект „Atlas Biomed Group“. Интересно е тоа што ова се случува во земјата каде во советско време генетичарите биле гонети и уништувани.

Во Русија со брзо темпо се развива пазарот на истражување на геномот. Бројот на луѓето што се подвргнуваат на ДНК тестови, според податоците на лабораторијата „Genotek“ стабилно расте за 10-12 проценти месечно. „Пазарот на истражување на геномот е во подем, огромен број луѓе во Русија сега работат на добивање геномски информации“, изјавува за „Руска реч“ Маријана Иванова, основач на компанијата „Офтаљмик“, која дава услуги за генетска дијагностика на очни болести. Логично е дека и понудата расте кога е зголемена и побарувачката: на пазарот се појавуваат сè поголем број истражувачки компании на ДНК. На пример, на крајот на септември започна новиот проект „Atlas Biomed Group“, кој е сличен на американскиот „23andMe“.

Нови руски генетичари 

Пронајдокот на руските научници ќе им помогне на бебињата
Во обидот да се искорени аутизмот и шизофренијата кај бебињата, руските научници синтетизираа пептид, кој е неопходен за целосен развој на нервниот систем кај новороденчињата и со тоа основаа своја компанија.

Компаниите кои нудат ДНК тестови за предиспонираност на болести и за определување потекло, се појавија во Русија неодамна. Во 2007 година во иновацискиот парк на Московскиот државен универзитет започна да работи компанијата „Мој ген“. Таа нуди неинвазивна пренатална дијагностика на хромозомската патологија на плодот. Претставниците на „Мој ген“ тврдат дека методологијата што тие ја применуваат е разработена пред две години и дека истата се користи само во шест други лаборатории во светот: една од нив се наоѓа во Кина, а сите останати се во САД.

Голем успех имаат и компаниите што нудат специјализирани истражувања. На пример, во Санкт Петербург компанијата „Sequoia genetics“ има собрано повеќе од 1.5 илјада примероци на ДНК од болни од цистична фиброза. А, московската компанија „Офтаљмик„ е специјализирана за генетски тестирања на луѓе кои имаат очни болести. Неодамна со истражување на геномот во Русија се зафати и меѓународниот фармаколошки концерн „Роше“. 

Пред неколку години на рускиот пазар се појави уште една нова компанија „Genotek“ која дава услуги за дешифрирање на геномот за сите оние што го сакаат тоа. Бизнис-моделот на стартапот е преземен од американската „23andMe“, која во 2008 година ја создадоа Линда Еви и Ана Војжитски, поранешната сопруга на основачот на „Гугл“ Сергеј Брин.

Зошто Русите прават тестирања во странство?

Во Русија најпопуларни се тестирањата на предиспонираност кон заболувања, со оглед на тоа што цената на генетските тестови е висока, а луѓето не сакаат да трошат пари за разонода. Всушност, постојат клиенти кои се заинтересирани и за генетски тестирања за определување потекло. На пример, неодамна тест на галогрупа правеше еден од одиозните руски политичари. „Излезе дека тој има заеднички предци со Наполеон, со Ајнштајн и со Хитлер. Тој беше горд на тоа и на останатите политичари им изјави дека Наполеон е негов роднина“, изјавува за „Руска реч“ директорот за наука на компанијата „Genotek“ Валериј Иљински. 

Во Русија, според Маријана Иванова од „Офтаљмик“, постои целата неопходна апаратура за правилно дешифрирање на геномот. На територијата на биотехнолошкиот дел на МДУ, на пример, работи суперкомпјутерот „Ломоносов“, кој е еден од стоте најмоќни суперкомпјутери во светот. 

Но, без оглед на тоа, засега клиентите на руските компании за анализа на геномот треба да платат повеќе одошто во други земји. Така, доколку во САД тестот може да се направи за 100-200 американски долари, во Русија за него се плаќа 600-800 долари. Затоа не е за изненадување тоа што многу клиенти бараат можност да го направат тестирањето во странство. Сепак, со закон е забрането изнесување на биолошки материјал надвор од границите на Русија. Затоа луѓето измислуваат разни начини. Материјал од плунка неретко се испраќа преку пријатели или преку познаници, кои живеат во САД или во Европа.

Ризичен бизнис-модел

Кога станува збор за самата американска компанија „23andMe“, која привлече многу следбеници во Русија, во 2013 година Управата за храна и лекови на САД ѝ издаде забрана за продажба на комплети за лично генетско тестирање што таа ги произведуваше. 

Во борба против Паркинсоновата болест
Тим Лекари од Москва и од Казањ осмислија тестови кои ја детектираат Паркинсоновата болест неколку години пред појавувањето на нејзините симптоми, што може да го реши еден од најголемите проблеми при лекувањето на оваа болест, а тоа е фактот дека речиси во сите случаи таа се открива премногу доцна, кога ефикасниот третман е речиси невозможен.

Управата за храна и лекови беше загрижена за можните грешки во тестовите кои можеа да нанесат штета на здравјето на клиентите на компанијата. Затоа „23andMe“ престана да им нуди на клиентите тестови за предиспозиција кон болести и се сосредоточи на истражувања во областа на генеалогијата. 

Ана Војжитски, секако, не е многу задоволна од решенијата на Управата за храна и лекови. „Гледајте што прави 'Genomics Institute' во Пекинг... Саудиска Арабија соопшти дека има намера да генотипира 100 илјади лица. Целиот свет активно се движи, а ние некаде заглавивме“, вели таа во интервју за медицинскиот портал Medscape.

Забранета наука

Сега е тешко да се поверува во тоа дека во СССР генетичарите биле гонети во триесеттите години на минатиот век. Официјалната пропаганда уверувала дека граѓаните на една социјалистичка земја не можат да имаат наследни болести, а дека разговорите за генот на човекот е основа за расизам и за фашизам. Американскиот научник Херман Милер, добитник на Нобеловата награда, пишувал дека во СССР со генетичарите се однесуваат како што инквизицијата се однесувала со Галилеј. Самиот директор на Институтот за генетика на Академијата на науките на СССР Трофим Лисенко бил на чело на кампањата за прогон на научниците. 

Многумина талентирани генетичари биле апсени и умирале во затворите. На пример, Николај Вавилов бил обвинет дека е англиски шпион. На крајот тој умрел од истоштеност во Саратовскиот затвор. Во 1948 година од Јосиф Рапопорт, кој ја има откриено хемиската мутагенеза, побарале да се откаже од хромозомската теорија. Тој се откажал и бил отпуштен од институтот во кој работел. Студентите-генетичари кои ги посетувале своите професори во затворите, исто така биле гонети и апсени.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња