Извор: АР
Уште вчера тридимензионалната биофабрикација изгледаше како фабула од некој научно-фантастичен роман. Денес, пак, руските биолози на практика знаат како да ја применуваат оваа технологија. Ова, без претерување, е револуција во науката.
Во специјален принтер наместо мастило се ставаат клетки. Во согласност со компјутерскиот модел на специјална подлога се добива испис во дводимензионален формат. Понатаму се испишува слој по слој. На ваков начин се создава тридимензионален орган.
Единиците на исписот на биопринтерот не се одвоени клетки, туку сфероиди. Тоа се конглеморати на клетките во облик на топчиња кои се сместени во хидрогел. Различни ткива се прават од различни сфероиди, за секој постои свој отвор во тонерот. Сфероидите не остануваат одвоени елементи, тие се слеваат, формирајќи ткива на идниот орган.
Но, за да испишуваат, сфероидите треба најпрво да бидат создадени. И оваа задача е решена со помош на роботизиран уред. Тие се уредени на различни начини, а и продуктивноста им е различна. Рекордот е 10.000 сфероиди во секунда. За да биде испишан еден орган, потребен е цртеж, компјутерски дизајн.
Органот е сложена структура од различни ткива, низ која минуваат крвни садови. Биолозите со помош на сфероидите веќе успеаја да произведат крвни садови и разгранета мрежа.
Биопринтингот наскоро ќе биде тестиран на животни. Создавањето компјутерска реконструкција на црн дроб или на бубрег е следната етапа.
Според прогнозите на стручњаците, првиот вистински орган може да се очекува до 2030 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче