Русија до 2025 година ќе има 150 сателити на орбита околу Земјата

Според новата Федерална вселенска програма се планираат и мисии на Месечината.

Русија до 2025 година ќе има 150 апарати на орбита околу Земјата, изјави Игор Комаров, шеф  на ОРРК, а пренесува РИА Новости.

„Според новиот проект на Федералната вселенска програма, орбиталната група апарати наменети за социјално-економски цели ќе се зголеми до 75 (во моментов 35). Оваа група од 75 сателити не ги предвидува ГЛОНАСС сателитите, кои треба да бидат 24 на број, плус дополнителни два како резерва. Сите сателити ГЛОНАСС кои сега се во функција треба да бидат заменети во иднина. Што се однесува до сателитите за државните потреби, до 2025 година нивниот број треба да изнесува 150“, изјави Комаров.

Комаров додаде дека месечевата програма е исто така многу важна, бидејќи таа претставува следно ниво од развојот на вселенските технологии.

„За нејзина реализација потребно е забрзување на реформите, бидејќи претпријатијата од ракетно-вселенската индустрија на Русија треба да бидат подготвени за производство на најсовремената техника. Освен тоа, новата вселенска програма предвидува и започнување на работа на новиот космодром Восточни. Тој ќе ѝ дозволи на Русија да го зголеми бројот на лансирања со човечки екипаж, како и вселенски апарати без човечки екипаж“, додаде Комаров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња