Суперсоничното ги надминува границите

Ракетниот комплекс „Јарс“ со интерконтинентална балистичка ракета РС-24 излегува од хангар во Ивановската области. Извор: ИТАР-ТАСС.

Ракетниот комплекс „Јарс“ со интерконтинентална балистичка ракета РС-24 излегува од хангар во Ивановската области. Извор: ИТАР-ТАСС.

Со оглед на тоа дека САД активно развиваат суперсонични летала, Русија ги оживува идеите на советското „апсолутно оружје“. До крајот на годнава Москва ќе изврши тестирање на најновата ракета РС-26 „Рубеж“ („Граница“) со суперсонични маневрирачки нуклеарни блокови.

Началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили, генерал-полковникот Владимир Зарудницки, му соопшти на Владимир Путин дека овој комплекс суштински ќе ги големи можностите на руските стратешки нуклеарни сили за совладување системи на противракетната одбрана. Техничките карактеристики на новата ракета остануваат тајна, Сепак, еден факт кој беше јавно изречен ја прави апсолутно оружје, а тоа е податокот дека на неа има „маневрирачки суперсонични нуклеарни блокови“.

„Балистичките ракети имаат одредена патека на летот и однос на силата спрема масата, така што е тешко да се мине преку границата на овие параметри кога се проектираат нови обрасци на ваква техника“, објаснува Владимир Дворкин, поранешен началник на Четвртиот ЦНИИ (Централно научно-истражувачки институт) на Министерството за одбрана, структура која се занимава со проучување на последиците од примена на нуклеарно оружје. „Затоа денес можат да се модернизираат само боевите глави на балистичките ракети.“


Хиперсонични ракети против воздушно-космичката одбрана

Уште во 1997 година тогашниот началник на генералштабот Јуриј Балуевски не ја криеше радоста од тоа што во Русија е направено суперсоничното летало ГЛА. Тоа лета по „некласична шема“, односно не оди по „класичната“ парабола, како сите современи нуклеарни боеви глави, туку произволно го менува летот. Леталото ГЛА час излегуваше во космосот, час повторно влегуваше во Земјината атмосфера. Кога конвенционалната нуклеарна боева глава влегува во густите слоеви на атмосферата, нејзината брзина изнесува 5 илјади метри во секунда. Кај ГЛО таа беше двапати поголема. Тоа веќе беше доволно за потешко да биде лоцирана од страна на радиолокациските средства од системот ПРО. Освен тоа, за разлика од конвенционалните нуклеарни глави, ГЛА може да биде пренасочена за време на целиот лет.

На почетокот на истата таа 1997 година, конструкторите од КБ „Радуга“ (од подмосковското Дубно) на аеромитингот МАКС во подмосковскиот Жуковски ги покажаа системите од новата класа – суперсоничното експериментално летало Х-90. На запад беше наречено AS-19 Koala. Оваа ракета беше направена за да ја замената стратешката крстосувачка ракета Х-55 која беше во вооружувањето на стратешките бомбардери Ту-160. Далечината на неговиот лет беше 3.000 километри. Ракетата можеше да носи две боеви глави со индивидуално насочување, способни да уништат цели на оддалеченост од 100 километри од точката на раздвојување. Носачот за Х-90 требаше да биде модернизирана варијанта на стратешкиот бомбардер Тѕ-160М. Но, според официјалните податоци, работата врз ракетата беше прекината во 1992 година.

Постоеја и други егзотични проекти. На пример, едно од ракетните конструкторски бироа предлагаше на тешката балистичка ракета наместо нуклеарна боева глава да се постават неколку суперсонични или хиперсонични крстосувачки ракети. Конструкторите сметаа дека ССР благодарение на тоа би можел директно од Сибир да се бори со американските групации на носечки авиони во која било точка на светот. Балистичката ракета би ја изведувала ракетната боева глава во подрачјето на претпоставеното место на целта, а таму самите крстосувачки ракети би ги откривале и би ги напаѓале. Идејата беше напуштена зашто се покажа како скапа, така што Koala остана единствениот материјален доказ за суперсоничните истражувања. Останатите проекти беа држени во строга тајност.

Но, откако САД активно почнаа да работат во областа на создавање на суперсонични летала, Москва почна да ги извлекува своите суперсонични адути. А, „маневрирачкиот нуклеарен блок“ на балистичката ракета РС-26 „Рубеж“ беше главен меѓу нив.

Постојат и други ракети. На пример, за време на одржувањето на последниот авиокосмички салон МАКС-2013, претставник на руско-индиското претпријатие „БраМос“ призна дека Индија во блиска иднина ќе добие суперсонична варијанта на оваа противбродска ракета. Според неговите зборови, за неа е веќе направен суперсоничен мотор кој ги минал тестирањата. Единственото „но“ кое го одложува појавувањето на готовиот производ се однесува на недостигот од материјали кои се способни да го заштитат системот за управување на машината од прегревање, а со тоа и од расипување.

Всушност, како што може да се заклучи од работата на руската страна, Москва овој проблем веќе одамна го има решено. Поранешниот раководител на Федералната космичка агенција Владимир Поповкин неодамна соопшти дека во Русија се приведуваат кон крај тестирањата на ракетниот систем „Циркон“. Во неговиот состав влегува нова суперсонична ракета која е направена врз база на суперсоничната крстосувачка ракета „Оникс“ (руски аналог на индиската ракета „БраМос“). Суперсонична машина постои и во вооружувањето на најновите руски повеќенаменски нуклеарни подморници од проектот 855 од типот „Јасен“, во состав на крајбрежниот мобилен ракетен комплекс „Бастин“. Таа е се најде во вооружувањето на ловците од семејството Су-30МК, како и на најновиот фронтовски бомбардер Су-34.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња