Новиот екипаж на Меѓународната космичка станица на 29 март изврши ултракус лет на вселенски брод. вселенскиот брод „Сојуз ТМА-08М“ се соедини со МКС за само 6 часа по лансирањето. Извор: НАСА.
Во Русија на овој ден може да се посетат најразлични настани, почнувајќи од арт-поворки на групи облечени како Јуриј Гагарин, Валентина Терешкова, Икар и вонземјани, па сè до детски приредби во Московскиот планетариум, каде децата можат да се сретнат со космонаутите и да дознаат како работат вселенските станици, што е тоа црна дупка и како се движат планетите.
По повод меѓународниот ден на космонаутиката, кој беше одбележан минатиот петок, решивме да погледнеме во иднината и да направиме краток преглед на новините од руската космонаутика.
Амбициозна реформа
Владата на Руската Федерација ја одобри реформата на космонаутиката. Согласно објавениот план, до 2020 година треба за двапати да се зголеми обемот на производство во оваа гранка во однос на 2011 година. Учеството на Русија во светското производство на космичка техника треба да се зголеми од 10.7% на 16%.
Смена на поколенијата
По 2020 година ракетниот носач „Протон“ постепено треба да биде заменет со ракетата од новото поколение „Ангара“. Тестирањето на тешката ракета „Ангара“ е планирано да се изврши оваа година. Со разработка на новата ракета се започна во 1995 година. Нејзина важна позитивна страна е универзалниот ракетен модул, врз основа на кој се планира да се создаде цело семејство ракети од различни класи.
Голема изградба на исток
Веќе во 2014 година ќе започне користењето на објектите на Далечниот Исток на Русија на космодромот „Восточни“ кој е во изградба. Оттука се планира лансирање на ракети во 2015 година, а пилотирачкото лансирање на планирано за 2018 година.
Најкусиот лет до МКС
Новиот екипаж на Меѓународната космичка станица на 29 март изврши ултракус лет на вселенски брод. Претходно „патот“ до станицата одземаше две деноноќија, а овој пат вселенскиот брод „Сојуз ТМА-08М“ се соедини со МКС за само 6 часа по лансирањето од космодромот Бајконур. Екипажот се составен од двајца руски космонаути и еден астронаут на НАСА.
Испраќање сателити
Освен разработување на својот глобален сателитски систем за навигација ГЛОНАСС, Русија продолжува активно да испраќа комерцијални сателити за различни земји. Месецов рускиот апарат ќе испрати во орбитата канадски сателит за врски, додека во март ракетниот носач „Протон-М“ веќе испрати на орбитата аналогичен космички апарат од мексиканско производство. Најголемата сателитска компанија во светот Intelsat исто така продолжува да испраќа свои сателити на орбитата со помош на руските ракети.
Врз основа на податоците од РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче