Само да нема војна: Кобната судбина на конзулатот во Сан Франциско

Конзулатот на Русија во Сан Франциско.

Конзулатот на Русија во Сан Франциско.

Wikipedia/Eugene Zelenko
Незапаметен скандал во руско-американските односи изби во врска со руското дипломатско здание во Сан Франциско. Многумина во Русија велат дека тоа е мошне лош знак зашто такво нешто не се случило ниту во најлошите години од Студената војна. Зградата за која станува збор има доживеано многу добри и лоши времиња во историјата на нестабилните односи на Русија и САД, а сега е кончено затворена.

Рускиот конзулат во Сан Франциско е основан во 1852 година. Руската американска компанија која ја финансирала државата ја однела победата во трката за урбанизација на Алјаска и на Калифорнија, потиснувајќи ја конкуренцијата и обезбедувајќи монопол на територијата на руска Америка,

Рускиот цар Павел Први сакал да ја зачува власта над земјите на Северна Америка кои ги истражиле руските патописци и бизнисмени, а за тоа му биле потребни силни луѓе. Еден од нив бил Вилијам Монтгомери Стјуард, за кого се знае единствено дела бил бизнисмен. Царот го поставил Стјуард за вицеконзул на западниот брег на Америка. Тоа бил почеток на нестабилната историја на рускиот конзулат во Сан Франциско.

Стари адреси

Зданието на рускиот конзулат во Сан Франциско ја менувало адресата неколку пати. Денес оваа величествена зграда се наоѓа на Зелена улица (Green Street) бр. 2790.

Првобитната зграда на конзулатот личела на трокатна палата со мала надградба на врвот. Според дрвениот дизајн можело да се види дека има руско потекло.

Поранешната зграда на Рускиот Императорски Конзулат во Сан Франциско. Извор: www.kdmid.ruПоранешната зграда на Рускиот Императорски Конзулат во Сан Франциско. Извор: www.kdmid.ru

Познатиот руски дипломат Артемиј Виводцев бил последниот и најупорен станар на зградата а конзулатот. По револуцијата од 1917 година се вратил во Русија за да учествува во Граѓанската војна, а по победата на Црвената армија заминал во Америка. Иако неговиот конзулски мандат бил завршен, Виводцев донел одлука да продолжи со вршењето на конзулската дејност без оглед на тоа што немал држава која ќе ја застапува.

Ги повикал своите сонародници и им понудил услуги во областа на правните прашања. Исто така, ветил дека ќе ги искористи врските со поранешните колеги и пријатели во конзуларните служби на другите држави.

„Дојдете кај мене, како што децата одат кај татковците во случај на сомнеж или колебање, и несебично ќе ви го пренесам сето искуство што го имам стекнато во 45 години од конзулската служба во речиси сите земји на светот како претставник на вистинска Русија“, пишувал Виводцев. Овој дипломат живеел во Калифорнија до својата смрт во 1946 година.

А. Виводцев, Генерален конзул на Руската Империја во Сан Франциско. Извор:www.kdmid.ruА. Виводцев, Генерален конзул на Руската Империја во Сан Франциско. Извор:www.kdmid.ru

Пред и по Студената војна

Иако Русите можеле неофицијално да ги користат услугите на Виводцев, официјални конзуларни услуги во Калифорнија не биле достапни сè дури САД и СССР не воспоставиле дипломатски односи. Новиот конзулат на Советскиот Сојуз е отворен во 1934 година на улица Дивисадеро бр. 2563. Оваа историска градба не е зачувана. Денес на нејзиното место се наоѓа станбена зграда.

Конзулатот на улица Дивисадеро е затворен во 1948 година со почетокот на Студената војна, кога односите помеѓу САД и Советскиот Сојуз се затегнале.

Црвената зграда од тула на Зелената улица (Green Street) бр. 2790 официјално е отворена дваесет години подоцна (1973). И покрај сите нагорнини и надолнини во билатералните односи функционираше до денес. Но, и тоа се промени.

Рускиот конзулат во Сан Франциско е затворен на втори септември. Тоа е чекор што Вашингтон го презеде како одговор на одлуката на Путин да го намали бројот на американските дипломати во Русија. Кој знае, можеби еден ден тие ќе си ги вратат своите места. И претходно Русија и САД успеваа да преминат преку препреките кои ја попречуваа работата на рускиот конзулат во Сан Франциско.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња