Ќе има ли независни набљудувачи на изборите?

Информативниот центар „Избори 2012“ во Централната изборна комисија на Руската Федерација. Веб-камери на гласачките места го набљудуваат во живо процесот на гласање.

Информативниот центар „Избори 2012“ во Централната изборна комисија на Руската Федерација. Веб-камери на гласачките места го набљудуваат во живо процесот на гласање.

Валериј Шарифулин / ТАСС
Во Русија во екот на предизборната кампања е ликвидирана најголемата општествена организација за мониторинг на неправилностите. Кој сега ќе ги набљудува изборите?

Пресненскиот суд на Москва на 27 јули ја ликвидираше општествената асоцијација „Голос“ која се занимава со заштита на правата на избирачите и со мониторинг на неправилностите на изборите. Причината за ова што асоцијацијата е „странски агент“ зашто под плаштот на набљудувањето вршела политичка дејност (и во исто време била финансирана од странство), а згора на тоа не го усогласила ниту својот статут во согласност со правните норми.

Затворањето на асоцијацијата една и пол година пред изборите за Државната дума, во екот на предизборната кампања е сериозен настан. Дел од експертите во земјата веќе изјавија дека претстојните избори за Думата ќе бидат маркирани со намалена можност за независна контрола (при што Кремљ и официјално објави курс на враќање на довербата во резултатите од изборите). „Странските агенти“ немаат право да ги набљудуваат изборите и не се допуштаат на избирачките места.

Нови правила за набљудувачите

Во „Голос“ не сметаат дека одлуката на судот менува нешто за нив. Таа се наоѓа во регистарот на „агенти“ од 2014 година и оттогаш го оспорува статусот што ѝ е доделен. Притоа функционалната страна „Голос“ ја има задржано. Асоцијацијата едновставно се преродила во нов вид со истото име и повеќе не е асоцијација, туку општествено движење „Голос“ без правна форма.

Во новата реалност „Голос“ навистина можела да се адаптира и да испрати набљудувачи како новинари: да им даваат на волонтерите потврди од медиуми со кои соработуваат. Но, и оваа дупка е затворена. Во 2016 година беа изменети правилата за набљудување на изборите. Доколку досега новинарите можеа слободно да доаѓаат на избирачкото место со потврда од редакцијата, сега е неопходно да се мине низ процес на „акредитација“. Притоа, соработникот мора да биде вработен во регистрираниот медиум најмалку два месеци пред почетокот на изборите.

Намален е и бројот на набљудувачи од партиите. Сега на едно избирачко место е дозволено да присуствуваат само две лица. Но, сега нив може да ги отстрани од избирачкото место само судот.

„Положбата на домашниот набљудувач е мошне посложена, - резимира претседателот на управата за Центарот за политички технологии Борис Макаренко. – Тој е ставен под позасилена контрола, што не може да се каже за меѓународните набљудувачи“.

Меѓународните набљудувачи се повеќе добредојдени

Руските власти овој пат навистина им излегоа пресрет на набљудувачите од странство. На пример, Руската Федерација ја повика на изборите Канцеларијата за демократски  институции и човекови права на ОБСЕ, иако оваа европска структура воопшто не ѝ е наклонета на Русија.

„На претходните избори Русија формално изрази желба ваквите набљудувачи да дојдат на изборите, но постави услови кои се неприфатливи за многу странски набљудувачи“, тврди Макаренко. Главниот камен за препнување беше во тоа што набљудувачите можеа да дојдат на избирачкото место само на денот на гласањето, односно не можеа да направат долгорочен предизборен мониторинг, без кој контролата на изборните места е целосно бесмислена, смета овој експерт. „Тоа што Русија овој пат реши да ги повика странските набљудувачи под пофлексибилни услови претставува добар знак“, заклучува тој.

Како што во коментар за „Руска реч на македонски“ изјавува директорката на Централната изборна комисија Ела Памфилова, сега „немало никаква потреба на ОБСЕ да му се поставуваат некакви строги услови“. Освен тоа, доколку тие дојдат на изборите, тогаш и руски набљудувачи ќе заминат на изборите во САД. „Ние сме апсолутно отворени и ги повикуваме сите оние што сакаат да дојдат. Во наш интерес е тие да дојдат“, изјави Памфилова.

Покрај ОБСЕ, се очекува дека на изборите ќе присуствуваат и набљудувачи од Заедницата на независни држави и Шангајската организација за соработка (ШОС), од парламентарните собранија на членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) итн. Исклучок се набљудувачите од Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тие не се намерно повикани, зашто на руската делегација во оваа структура ѝ се одземени овластувањата, па дури и правото на глас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња