Во Сирија дејствуваат руски сили за посебна намена

Генерал-полковник Александар Дворников

Генерал-полковник Александар Дворников

Алексеј Никољскиј / Росијскаја газета
Командантот на руската група во Сирија, генерал-полковник Александар Дворников го даде првото интервју по завршувањето на операцијата на вооружените сили на Руската Федерација во арапската република. „Руска реч на македонски“ ви ги презентира главните тези од овој ексклузивен материјал на „Росијскаја газета“.

Задачата

Групата руски војници која ја предводев, пристигна во Сириската Арапска Република во септември минатата година со задача на место да ја увиди создадената положба и каква е состојбата на сириската армија.

Ситуацијата на место

Терористите чија вкупна бројка броеше над 60.000 лица, беа зазеле околу 70% од територијата на Сирија. Бандитските формации ги беа освоиле најголемите градови Идлиб, Палмира и Раку.

Владините сили беа исцрпени од четирите години воени дејства и многу тешко го задржуваа нападот на терористите. Населението масовно ја напушташе земјата.

Резултатите од операцијата на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација

За време на воената операција сириските војници, со поддршка од воздух на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Руската Федерација, ослободија 400 населени места. Контролираната територија од бунтовниците се намали за 10.000 квадратни километри. На територијата на Сирија беа уништени околу 2.000 терористи од руско потекло. Меѓу нив - 17 теренски команданти.

Покрај операцијата на ВКС на Руската Федерација во соработка со единиците на владините и на патриотските сили на земјата, вооружените сили на земјата ѝ доставија на сириската армија современо вооружување и воена техника. Тоа се артилериски системи, средства за врски, за разузнавање итн.

Во вооружените сили на Сирија беше формиран систем од воени советници со сопствен владејачки апарат. Тие успешно ја решија задачата поврзана со подготовката на владините трупи, курдските и на други патриотски сили.

Војната против терористите доби јавен карактер. Сиријците сфатија дека борците на ИДИЛ и на Џебхад ан Нусра можат да бидат нападнати и да бидат победени. Во општеството се родија волонтерски движења, создадени беа формации на доброволни бригади и баталјони. До денес против бунтовниците во Сирија во нивниот состав војуваат веќе неколку илјади луѓе. Луѓето можеа сами да ги истераат бандитите на Џебхад ан Нусра од голем број населени пунктови во централните и во јужните провинции на земјата.

Специјални сили

На територијата на Сирија дејствуваат и единици на нашите сили за специјални операции. Тие вршат набљудување на објектите за офанзива на руската авијација, ги насочуваат авионите кон цели во оддалечените области и решаваат други специјални задачи.

Според мене, сепак треба да имаме предвид дека во Сирија различните задачи ги извршуваат и слични единици на вооружените сили на САД и на другите земји од коалицијата.

Кој ќе остане во Сирија?

Во Сирија ќе остане потребниот број сили, чија цел е да обезбедат контрола за почитување на режимот за прекин на воените дејствија. А, исто така и за безбедно функционирање на нашиот пункт за обезбедување на летовите на авијацијата во базата Хмејмим и пунктот за материјално-техничка поддршка на руската воена флота во Тартус.

Мировен процес

Иако се констатирани прекршоци, режимот на прекин на воените дејствија во Сирија во целина се почитува. Во провинциите Хама и Хомс процесот на примирје се одвива најактивно.

Кога заминував од Сирија, 43 вооружени формации ги беа прифатиле условите за прекин на воените дејствија, а договорот за примирје беше потпишан од старешините на 51 населен пункт. Нивниот број се зголемува со секој изминат ден.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња