На Русија ѝ се заканува студена војна без правила

Извор: Михаил Воскресенски / РИА Новости

Извор: Михаил Воскресенски / РИА Новости

Привршува 2014 година. Надворешнополитичките битки за кратко стивнуваат. Може да се оцени ситуацијата. Откако ќе се обѕрнеме назад, ќе ги видиме Крим и Севастопол кои го кренале руското знаме. Исто така ќе ги видиме старите и новите сојузници од Азија, Латинска Америка и Африка. Пред нас, пак - жаришта на граѓанска војна од полн размер на самата граница на Русија и искри на „студена војна без правила“.

Во 2014 година Москва се најде вовлечена во украинската криза која, од една страна, доведе до враќање на Крим, кој до 1954 година беше дел од Русија, а од друга – до најострата, уште од времето на студената војна криза во односите со Западот. 

Во март годинава на Крим се одржа референдум на кој неговите жители, исплашени од доаѓањето на власт во Киев на националистите и од перспективата за насилна украинизација, практично едногласно ја изразија својата желба да се приклучат на Русија. Оваа одлука ја поддржа кримскиот парламент, избран според украинските закони уште во 2010 година. 

САД и нивните сојузници ги осудија активностите на Русија како анексија и воведоа против неа економски санкции од голем размер. Меѓутоа Москва смета дека доколку Крим со неговото првенствено рускојазично население останеше во составот на Украина, тогаш ќе го чекаше истата судбина како и Донбас. 

Како ли паднал Боингот 777?
Авионот Боинг 777, кој леташе од Амстердам во Куала Лумпур, во четврток навечер се урна на југоистокот од Украина. Според информациите од медиумите, врската со екипажот била изгубена кога авионот се наоѓал на 50 километри од руско-украинската граница. Во моментов постојат неколку верзии за трагедијата.

По Крим, и рускојазичните региони од југоистокот на Украина почнаа да ги бранат своите политички и културни интереси кои новите власти во земјата се обидоа да ги ограничат. Тоа доведе до вооружен конфликт чии жртви станаа не само илјадници луѓе на двете страни, туку и патниците на летот MH-117 кој од нејасни парични се најде над зоната на борбени дејствија.

Оваа војна повлече со себе нови обвинувања и санкции против РФ. Меѓутоа Москва не сака понатамошна дезинтеграција на соседната држава. Таа испраќа хуманитарна помош на самопрогласените Луганска и Донецка република и се залага за мирни преговори меѓу бунтовниците и владата. Со помош на Кремљ во септември беше потпишана Минската спогодба која предвидува прекин на борбените дејствија и давање посебен статус на Донбас, но задолжително во состав на Украина. 

Како ќе се развиваат дипломатските напори во најблиска иднина засега не е јасно.  Односите на Русија и Западот се крајно заострени, што се гледаше на самитот на Г-20 што се одржа во ноември во австралискиот Бризбејн. Покрај тоа, наместо да воспостават мир, двете страни продолжуваат да разменуваат санкции и прекори. Се разбира, натпреварувањето во тоа кој посилно ќе го казни соперникот не можат да траат бесконечно, но засега тенденцијата за заострување на конфронтацијата останува.  Генералниот секретар на НАТО на заминување Андерс Фог Расмусен на пример, веќе директно ја нарече Русија противник на алијансата во најблиската деценија. 

„Украинскиот“ самит на Г-20 само ја засили конфронтацијата
Без оглед на жестоката критика и протоколарните зајадливи забелешки, претседателот Путин остана задоволен од резултатите од самитот на Г-20 во Бризбејн, Австралија. „Јас сметам дека нашата работа е завршена и е завршена со успех“, - со овие зборови тој ја заврши својата завршна прес-конференција и, без да го дочека крајот на самитот, одлета за Москва.

За тоа време, Русија бара нови партнери, отворено редуцирајќи ги заедничките проекти со Запад. Прекрасен пример за тоа е откажувањето од изградба на гасоводот „Јужен тек“. 

Меѓутоа, изјавата на рускиот лидер дека Русија „не може да продолжи со реализацијата на проектот „Јужен тек“ беше изговорена во Анкара на заедничката прес-конференција со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Потребата на турската економија за гас и подготвеноста на руската страна да ја зголемат испораката со проширување на гасоводот „Син тек“ доведоа до тоа партнерите што беа скарани поради кризата во Сирија одново еден со друг да се потчукнуваат по грб. 

Повеќе гас ќе потече и во Кина. Тоа е веќе исходот од самитот на АТЕС што се одржа во ноември во Пекинг. Како дополнение потпишаниот договор во мај 2014 година за испорака на гориво во Кина преку источната траса „Силата на Сибир“, беше решено речиси двојно да се зголеми неговата испорака по западната траса „Алтај“. За возврат, судејќи според муабетите во кулоарите, кинеските бизнисмени се подготвени да поактивно да инвестираат во руската индустрија, како и да го обезбедат рускиот пазар со земјоделски производи. 

Оваа перспектива претходно беше дискутирана и на друг самит – на БРИКС. Тој се одржа во јуни во Бразил. Земјата-домаќин исто така изрази подготвеност да ја зголеми испораката на храна во Русија. И не само таа. Разговори за проширување на соработката Владимир Путин одржа и со редица други лидери на латиноамериканските земји.  Ова лето претседателот на РФ направи голема турнеја по Јужна Америка во рамките на која, покрај Бразил, во официјална посета отиде и на Куба, Никарагва и Аргентина. 

Русија го поддржува кинескиот пристап за интеграција во АТР
Самитот на АТЕС во Пекинг кој заврши на 11 ноември покажа дека Кина се стреми да ја игра улогата на лидер во АТР. Во многу нешта за тоа придонесува инертната позиција на САД и курсот на Москва за стратешко партнерство со Пекинг и развој на рускиот Далечен Исток.

Индија пак од своја страна предложи да обезбеди замена на западните медицински производи со свои, особено лековите. Оваа тема се дискутираше на 11 декември во Њу Делхи, каде Владимир Путин се сретна со премиерот на Индија Нарендра Моди. Како резултат на разговорите тие го прифатија Планот за зајакнување на руско-индиското партнерство во текот на следната деценија. 

Треба да се истакне дека сите претходно наведени земји добија барем најмалку три партнера откако се договорија за соработка со Русија. На 1 јануари 2015 година во полн обем ќе почне да работи Евроазискиот економски сојуз. Русија, Казахстан, Белорусија и Ерменија ќе пристапат кон исполнување на обврските „за гаранција на слободно движење на стоки, услуги, капитал и работна сила, за реализација на усогласена политика во клучните економски гранки: енергијата, индустријата, земјоделството, транспортот“. 

Воспоставувањето цврсти врски со новите партнери е извонредно важно за Русија, особено во контекст на мрачната перспектива за развој на односите со САД, кои експертите ги карактеризираат како „студена војна без правила“, за разлика од првата „судена војна“ во која Вашингтон го признаваше постоењето на зоните на советско влијание, а Москва од своја страна – зоните на американското влијание.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија