32 самит Русија – Европска Унија ќе биде еден од најпроблематичните во целата историја на односите на Русија со европските партнери. Извор: Ројтерс
Самитот Русија – ЕУ, кој се одржува од денес во Брисел, ќе се одржи во скратена форма, без фиксиран дневен ред и потпишување заклучни документи. Главните несогласувања на двете страни се поврзани со прашањето за интеграцијата на Украина , визното прашање, кое не може да се реши веќе десетина години, како и со договорите за испорака на гас.
32 самит Русија – Европска Унија, кој денес се одржува во Брисел ќе биде еден од најпроблематичните во целата историја на односите на Русија со европските партнери. За ова сведочи и поместувањето на датумот на настанот, како и измената на формата – Брисел предложи средбата да биде скратена од два на еден ден и да се откаже традиционалната вечера со претседателот Владимир Путин.
Преговорите поврзани со слободното влегување на руските граѓани во Шенгенската зона се водат повеќе од 10 години. Русија неколку пати изјави дека ги има исполнето сите услови за укинување на визниот режим. Но, Европската Унија го блокира отворањето на границата поради тоа што се плаши од пораст на нелегалната миграција.
На крајот на краиштата беше договорено дека пленарното заседание со клучните министри и комесари на ЕУ нема да се одржи. Но, ќе се одржат преговорите на Путин со лидерите на ЕУ, а потоа ќе следува деловен појадок во истиот состав, како и прес-конференција.
Уште едно непријатно изненадување: преговорите и деловниот појадок ќе поминат без фиксиран дневен ред, појасни помошникот на претседателот на Русија одговорен за прашањата за надворешна политика Јуриј Ушаков. Исто така не е планирано ниту потпишување на заклучни документи. Но, секоја од страните има право на изнесе на разгледување каков било проблем.
Одговарајќи на прашање на Газета.Ru, за тоа дали навистина односите помеѓу Русија и ЕУ се дојдени во ќор-сокак, Ушаков дипломатски одговори дека е дојдено време да се разговара во потесен состав и во помалку формално окружување, „каде се наоѓаме, што го загрижува секој од учесниците на средбата“.
„Сметаме дека е потребен отворен и темелен разговор за целиот спектар проблеми, меѓу кои и за заедничкото гледање на перспективите на односите помеѓу Русија и Европската Унија. Убедени сме дека потенцијалот за соработка не се користи целосно, постојат очигледни резерви“, изјави Ушаков.
Кон крајот на минатата година Министерството за енергетика на Русија доби официјално писмо од Европската комисија за неопходност од повторно разгледување на договорите склучени со земјите транзитери за изградбата на „Јужен тек“.
Според него, лидерите на ЕУ и на Русија можат да ја начнат темата за интеграција на Украина, која е причина за масовните нереди во земјата. Ситуацијата околу Украина не е единствената што претставува сложеност, која може да биде начната на самитот. Ушаков предложи ситуацијата во Киев да се гледа во контекст на целиот интеграциски процес кој се случува сега во Европа и на просторите на поранешниот Советски Сојуз. „Двата интеграциски модела – европскиот и евроазискиот – се изградени на слични принципи, се потпираат на нормите на СТО, и сметаме дека ова се два проекти кои се надополнуваат еден со друг, а не се исклучуваат еден со друг“, изјави помошникот на претседателот.
Украина не е единствениот проблем
На заладувањето на односите, освен заострувањето на односите на опозицијата и власта во Украина, влијаеја најмалку уште два проблема: спорот околу договорите за гас и одложеното укинување на визниот режим помеѓу Русија и ЕУ. Преговорите поврзани со слободното влегување на руските граѓани во Шенгенската зона се водат повеќе од 10 години. Русија неколку пати изјави дека ги има исполнето сите услови за укинување на визниот режим. Но, Европската Унија го блокира отворањето на границата поради тоа што се плаши од пораст на нелегалната миграција.
„Секако дека загриженоста не е неоснована, имајќи предвид дека Русија ги отвори границите во рамките на Царинската унија и има 10-милионска армија полулегални емигранти од републиките од Средна Азија, кои ќе навалат во Европа“, вели експертот на Руската школа за управување Пјотр Травински. Според него, ЕУ нема ништо против укинувањето визи за Русите, но се плаши дека со руски пасоши во Европа ќе почнат да доаѓаат на работа Таџици, Казаси, Киргизи, а исто така и жители од кавкаските региони на Русија.
Сметаме дека е потребен отворен и темелен разговор за целиот спектар проблеми, меѓу кои и за заедничкото гледање на перспективите на односите помеѓу Русија и Европската Унија. Убедени сме дека потенцијалот за соработка не се користи целосно, постојат очигледни резерви.
Јуриј Ушаков
Но, претседателот Путин не губи надеж за договарање безвизен режим или барем за олеснување на правилата за преминување на границата со Европската Унија. Тој се повикува на тоа дека Европа има воведено безвизен режим со многу земји од Латинска Америка, каде криминалната ситуација понекогаш е полоша од онаа во Русија.
На крајот несогласувањата се однесуваат и на проблемот на примена на таканаречениот трет енергетски пакет во рамките на изградбата на гасоводот „Јужен тек“, а исто така и на антимонополските анализи на Европската комисија во однос на „Гаспром“. Кон крајот на минатата година Министерството за енергетика на Русија доби официјално писмо од Европската комисија за неопходност од повторно разгледување на договорите склучени со земјите транзитери за изградбата на „Јужен тек“. Европската комисија смета дека билатералните спогодби кои се однесуваат на овој гасовод, а се склучени со Австрија, Бугарија, Унгарија Грција, Словенија, Хрватска и Србија ги нарушуваат законите на Европската Унија.
Пробив во решавањето на овој проблем е невозможен, уверен е Алексеј Гривич, заменик на генералниот директор на Фондот за национална енергетска безбедност. „Европската комисија се обидува во од да ги промени долгорочните обврски, кои беа потпишани во рамките на билатералните договори. Но, Европската комисија сега не е во состојба да диктира услови, имајќи го предвид фактот дека Гаспром е најсигурен доставувач на гас во Европа и го надополнува дефицитот на гас, кој постои поради нестабилноста во работата на другите доставувачи“, вели Гривач.
Меѓувладините спогодби на земјите-учеснички во проектот „Јужен тек“ нема да бидат поништени или изменети, изјави во петокот претставникот на РФ во Европската Унија Владимир Чижов.
Рускиот текст на сајтот gazeta.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче