Уништувањето на сириското хемиско оружје е тешка задача

Гретседател на Организацијата за забрана на хемиското оружје Ахмет Изимици. Извор: Ројтерс

Гретседател на Организацијата за забрана на хемиското оружје Ахмет Изимици. Извор: Ројтерс

Нобеловецот Ахмет Изимци кој е и претседател на Организацијата за забрана на хемиското оружје, во специјално интервју за „Руска реч на македонски“ зборува за Нобеловата награда и за предизвиците во уништувањето на хемиското оружје.

Руска реч (Р.Р.): Како се одвива процесот на уништување на хемиското оружје во Сирија?

Ахмет Изимци (A.И.): Нашите активности се на вистинскиот пат. Нашите инспектори и персоналот на Обединетите Нации ја започна својата работа во Сирија на 1 октомври, само четири дена откако ОЗХО даде своја согласност во врска со програмата за акција . Не постои можност за производство на хемиско оружје во тек на еден месец. Сега заедничката мисија продолжува со цел да се направи напредок на дневна основа. Отстранувањето на оружјето за уништување надвор од сириска територија е во моментов нашата главна цел, и се очекува оваа операција да започне наскоро.

Квинтесенција на досегашните кризи
Дали руската дипломатија направи историска пресвртница во светските односи? По две децении воени интервенции од страна на Западот, војната во Сирија се развива на нов начин. Прашањето за идниот модел на реагирање на конфликтите се решава токму сега.

Р.Р.: Какви технологии се користат?

А.И.: Можат да се искористат разновидни методи за уништување хемиско оружје. Тие можат да вклучуваат хидролиза, процес на декомпозиција на хемиските соединенија преку реакција со жешка вода. Исто така може да се примени и согорување, при што отпадот се уништува во печка со контролирано горење на висока температура. Во случајот со Сирија, приоритетните хемикалии ќе бидат уништени со хидролиза на американски брод, опремен со два уреди за хидролиза. Другите хемикалии ќе бидат уништени во комерцијални установи, на ист начин како и индустриските хемикалии.

P.P.: На какви тешкотии може да наидете?

А.И.: Програмата за уништување на хемиското оружје на Сирија е тешка задача. Никогаш претходно немаме преземено вакви активности во активно воени зони. Безбедноста и сигурноста на нашиот персонал е нашиот приоритет. Следната оперативна фаза на нашата заедничка мисија е мошне комплексна, а таа вклучува транспорт на хемикалиите за нивно уништување надвор од Сирија. Постојат определени технички, финансиски и логистички предизвици што треба да се надминат. Затоа се врши внимателно планирање на операцијата. Имаме блиска соработка со Обединетите Нации, со земјите-членки и со останатите партнери.

P.P.: Сметате ли дека постојат шанси процесот на уништување на оружјето да биде сопрен или да се соочи со определени потешкотии во самиот тек?

A.И.: Најтешките предизвици се пред нас. Треба да бидеме подготвени за оние фактори кои не се под наша контрола. Тие можат да имаат значајно влијание врз операциите на заедничката мисија. Најтешкиот од нив е безбедносната ситуација во Сирија, која останува извор за грижи. Уште еден круцијален фактор за успехот е адекватната меѓународна поддршка. Ние работиме активно со цел да ја добиеме потребната помош од меѓународната заедница.

P.P.: Колку време е потребно за да се уништи сето хемиско оружје во Сирија?

А.И.: Датумот за завршување на работите е на средината на следната година, односно на 30 јуни 2014, заедно со отстранувањето и уништувањето. Хемикалиите кои се означени како „најкритични“ или „приоритетни“ треба да бидат транспортирани надвор од Сирија до 31 декември за да бидат дистрибуирани до крајот на март следната година. Свесни сме дека термините се амбициозни, па затоа работиме напорно за да ги запазиме.

Русија може да се потпре на сириското граѓанско општество
Во ексклузивно интервју за „Руска реч“ претставничката на таканаречената умерена сириска опозиција зборува за руско-американскиот план за сириското хемиско оружје, за тоа дали сирискиот народ доволно се прашува што сака и дали е можно решавање на сириската криза без поддршка на една од страните во конфликтот.

P.P.: Каква поддршка дава Русија? Колку тоа ѝ помага на ОЗХО?

A.И.: Руската Федерација, како и Соединетите Американски Држави, игра значајна улога во остварувањето на рамковниот договор за хемиското оружје на Сирија постигнат во Женева. Русија продолжува да дава важен придонес во овој процес.

Р.Р.: Колку беше значајно добивањето на Нобеловата награда за мир за Вас лично како претседател на ОЗХО? Колкаво значење има тоа за вашата организација?

А.И.: Наградата е признание за сите нас – за земјите-учеснички и за персоналот на организацијата, како минатиот, така и за сегашниот. Оваа награда ќе нè натера да ги зголемиме нашите идни напори во работата што ја извршуваме. Се надевам дека оваа награда ќе биде поттик за меѓународната заедница да ги зголеми своите напори за разоружување.

Р.Р.: Како ОЗХО ќе ги потроши парите (926.000 евра) од Нобеловата награда?

А.И.: Парите од Нобеловиот комитет ќе бидат наменети за оформување на годишна награда на ОЗХО. Оваа награда ќе биде признание за значајна соработка во придвижување на целите на Советот за хемиско оружје.

Р.Р.: Дали оваа награда ќе биде еден вид потсетник за сите оние кои поседуваат хемиско оружје дека треба да го уништат?

А.И.: Доделување на Нобеловата награда за мир во 2013 година е, пред сè, недвосмислена поддршка на мисијата на ОЗХО, која се обидува да дојде до свет без хемиско оружје. Наградата , исто така, ги зајакнува нашите постојани повици до останатите шест земји кои не се дел од Конвенцијата без одлагање или предуслов да ни се приклучат.

Р.Р.: Какви финансиски извори се користат за уништување на хемиското оружје?

А.И.: Според Конвенцијата, државата која поседува хемиско оружје и производствени капацитети треба да ги поднесе трошоците за нивното уништување. Сириските власти побараа поддршка и помош од меѓународната заедница за извршување на задачата. ОЗХО основаше два фонда за доброволни прилози за државите-членки. И ОЗХО и Обединетите Нации се задолжени за добивање на потребната помош од меѓународната заедница, што е многу важно за успешно завршување на работата. Исто така и Русија, како што веќе споменав, и Соединетите Американски Држави одиграа мошне важна улога во поддршката на мисијата за уништување на хемиското оружје во Сирија. Целиот овој процес и работата на заедничката мисија се одвива под закрила на Извршниот совет на ОЗХО и на Советот за безбедност на Обединетите Нации.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња