Како изгледаат новите вагони со купе за „Руски железници“ (ФОТОГРАФИИ)

Трансмашхолдинг

Тверската фабрика за производство на вагони (дел од „Трансмашхолдинг“) ги изгради за „Руски железници“ првите еднокатни вагони со нови купеа, се вели во соопштението на ова претпријатие.

Тоа е првата серија патнички композиции изградена според принципот на два зглобно поврзани вагони кои ќе овозможат на друг начин да се организира внатрешноста на возот и да се подобри квалитетот на услугите. Први во склоп на новата линија вагони во Тверската фабрика се изградени патничките вагони со купеа. Пред почетокот на сериското производство треба да поминат цела низа испитувања во движење и мирување, од тестирања на кочењето до климатски и санитарно-хигиенски, најавија претставниците на рускиот холдинг. Нивната испорака е планирана за оваа година. Ќе сообраќаат на релација Ростов на Дон-Москва и Москва-Анапа.

Федералната патничка компанија (фирма-ќерка на „Руски железници“) и ТВЗ минатиот месец склучија долгорочен договор во вредност од 237 милијарди рубли, кој подразбира испорака на 3,7 илјади како еднокатни, така и двокатни патнички вагони до 2025 година: со купеа, службени, од отворен тип, вагон-ресторани, со седишта и други.

Обновените вагони ќе имаат сефови за секој патник, телевизори и клима. Масичката во купето ќе може да се подигне и прицврсти во вертикална положба. На фотографиите може да се види ентериерот во сини (мебел) и ѕидот во сивкасто-беж тонови, како и посебната зона со микробранови печки и фрижидер.

При крајот на минатата година „Руски железници“ на Дванаесеттата меѓународна изложба „Транспортот на Русија“ го претставија новиот модел патнички вагон во кој сите места ќе бидат опремени со дебели завеси, електрични штекери, УСБ-конектори, како и индивидуално осветлување. Тоалетите во вагоните ќе имаат тушеви, автоматски славини, маси за повивање, хартиени крпи, дозерки со сапун.

Прочитајте повеќе: Значително поудобен руски воз: Погледнете како ќе изгледаат новите вагони од трета класа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња