Лабораторија во Хабаровск ќе проучува вируси во Југоисточна Азија

Лабораторијата која функционира во поликлиниката на Далечноисточниот центар за профилактика и борба против СИДА-та, ќе се занимава со изучување на вируси од Југоисточна Азија.

Лабораторијата која функционира во поликлиниката на Далечноисточниот центар за профилактика и борба против СИДА-та, ќе се занимава со изучување на вируси од Југоисточна Азија, меѓу кои и грип од видот H1N1 (свински грип) и H5N1 (птичји грип), им соопшти на новинарите Генадиј Онишченко.

Далечноисточниот центар за профилактика и борба против СИДА-та влегува во состав на Хабаровскиот научно-истражувачки институт и микробиологија на Роспотребнадзор. Изградбата на поликлиниката започна во 2010 година во рамките на реализацијата на федералната програма „Предупредување и борба со заболувањата од социјален карактер“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња