Министерството за одбрана на РФ на 22 јуни, по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето и жалоста, на својот сајт објави уникатни историски документи за првите битки во Втората светска војна.
Рускиот воен ресор објави копија на ракописот на наредбата на Народниот комесаријат за одбрана бр. 2 од 22 јуни 1941 година, издадена од началникот на Генералштабот Георгиј Жуков три часа по почетокот на војната. Во наредбата се наведува дека е неопходно „со сите сили и средства да се нападнат непријателските сили и да се уништат во реоните каде што ја поминале советската граница“. Освен тоа, наредено е да се „бомбардираат Кенингзберг и Мемељ” (денешните Калининград и литванскиот град Клајпеда) и да се уништи авијацијата на непријателските аеродроми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче