Премиерот на Русија на својот Инстаграм редовно ги објавува своите дела. Извор: АР.
Валентина Матвиенко, претседателката на Советот на Федерацијата и поранешна губернаторка на Санкт Петербург, е најуспешната жена во рускиот политички живот (таа е жена на највисоката политичка должност во Русија), но е и најдобар сликар меѓу своите колеги,
Во Санкт Петербург секоја година се организира традиционален божиќен саем на кој се одржува аукција на слики под назив „Азбука“. На аукцијата се продаваат слики посветени на буквите од кирилицата. Собраните пари одат во хуманитарни цели. Валентина Матвиенко од 2007 година наваму неколку пати за оваа аукција имаше изработено масло на платно: „Новогодишна ноќ“ на буквата Н и „Меќава“ на буквата М.
![]() |
Валентина Матвиенко со своето дело. Извор: ИТАР-ТАСС
|
Сликите привлекоа големо внимание. „Меќава“ беше продадена за 11.5 милиони рубли (околу 384 илјади американски долари), а „Мраморниот мост“ за 13 милиони рубли (околу 433 илјади американски долари). Затоа стручњаците тврдат дека најубави и најпознати се сликите на губернаторката на буквата М, што тие го поврзуваат со нејзиното презиме кои исто така започнува на оваа буква.
Санкт Петербург е роден град на Владимир Путин и затоа не е невообичаено што во 2009 година и тој зеде учество на оваа божиќна аудиција. Путин изработи масло на платно на буквата У, Сликата се нарекува „Украси на замрзнатиот прозорец“ и на аукцијата беше продадена за 37 милиони рубли (околу еден милион и 233 илјади американски долари). Ја купи Наталија Курникова, сопственичка на московската галерија „Наши слики“. На сликата има елементи од украинскиот фолклор. На неа прозорецот е украсен со шари од мраз и завеса со типични национални мотиви.
![]() |
Делото ба Владимир Путин на буквата У. Извор: Reuters |
За време на престојот во уралскиот град Курган (оддалечен околу 2.000 километри од Москва) претседателот го посети Училиштето број 7. На учениците им го покажа својот талент за графика, при што зеде креда и на таблата нацрта неколку линии, а потоа објасни: Ова е мачка, ама одзади.
Поранешниот претседател и сегашен премиер на РФ Дмитриј Медведев се занимава со уметничка фотографија. Има квалитетна и скапа фотографска опрема, а фотографира во секоја пригода, при официјални и при неофицијални посети. Медведев на својот Инстаграм редовно ги објавува своите дела. Една фотографија на премиерот направена од хеликоптер беше продадена на добротворната божиќна аукција „Азбука“ за рекордна сума од 51 милион рубли (околу 1.7 милиони американски долари).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче