Спецназ. Извор: ИТАР-ТАСС.
Сега на одбранбената карта на Русија постојат четири разновидни армиски структури кои влегуваат во рамките на воените окрузи. Пешадиските, авијациските и морските делови што се наоѓаат во оваа рамка ги прикриваат своите зони на одговорност и се потчинуваат на командните окрузи. На московското началство му одговара само нуклеарната тријада и, во определена смисла, Воздушно-десантната војска, која е всушност резерва на претседателот на РФ. За време на големите вежби Генералштабот може да префрла бригади и дивизии од една сцена на воените дејствија на друга. За решавање на најнеодложните задачи постојат Сили за специјални операции. Сепак, само нивниот борбен потенцијал, според мислењето на Шаманов, во вонредни ситуации може да не биде доволен.
- Јас сум цврсто уверен дека во рамките на новата структура – да ја наречеме војска за брзо распоредување – под единствена команда на раководството на Генералштабот треба да ги обедини воздушно-десантната војска, Силите за специјални операции, оперативно потчинетите бригади на специјалните сили, споеви и делови од морската пешадија во приморските правци. Тогаш во земјата, која има 50 илјади километри копнена граница, која од три страни е опкружена со мориња и океани, освен четирите оперативно-стратегиски команди ќе добие и петта – мобилна оперативно-стратегиска команда, која ќе овозможи комплексно реагирање на заканите и предизвиците како во земјата, така и надвор од нејзините граници. Пред сè, мислам на миротворните операции во рамките на нашите билатерални односи со ООН и Организацијата за колективна безбедност и соработка, - изјавува Шаманов во интервју за РИА Новости.
Во новата команда треба да влезат воздушно-десантната војска, силите за специјални операции, специјалните сили и морската пешадија.
Својот предлог тој му го претставил на раководството на генералштабот. Сега, според командантот на воздушно-десантната војска, прашањето се разработува. Меѓу другото, десантниците, без да одолговлекуваат, веќе ги пробаат сините миротворни шлемови на сините беретки. Многу офицери, заставници и војници на договор веќе им се добро познати. Во воздухопловната пешадија, не може да се најде ниту еден дел кој не се нашол на некоја „жешка линија“. Но, една работа е да се разделуваат оние што војуваат по посебна наредба, а сосема друга е да се занимаваш со слични операции на цивилна основа. Сега воздушно-десантната војска има тава задача, дури и постои заменик-командант за миротворните сили и на КСОР.
Треба да потсетиме дека оваа абревијатура се дешифрира како Колективни сили за оперативно реагирање. Тие постојат во земјите Организацијата за колективна безбедност и соработка. Шаманов појаснува дека од Русија во КСОР влегуваат Ивановската 98 воздушно-десантна дивизија и 31 одделна десантно-јуришна бригада во Улјановск. За координација на дејствијата со обединетиот штаб на Организацијата за колективна безбедност и соработка и – преку Генералштабот – со ООН во десантната команда ќе се формира специјален оддел од осум луѓе.
- Генералштабот ни постави задача – 31 гардиска бригада да биде миротворна, а исто така во четири дивизии да се создаде по еден миротворен баталјон, кој во целост ќе биде составен од платени војници. Што се однесува на Улјановската бригада, ќе се обидеме да ја решиме таа задача до 1 јуни. До 1 септември 2013 година во дивизиите ќе се појават миротворни баталјони, - вели Шаманов.
Ваквите оддели во прв ред ќе бидат снабдени со нова техника во вооружување. За тоа колку е сложена оваа задача може лесно да се заклучи од споровите околу борбеното возило за десант БМД-4 со модул „Бахча“. Тие беа водени со години, а модернизираната варијанта на БМД-4М сè уште ја нема во војската. Првите пет возила воздушно-десантната војска, во најдобар случај, ќе ги добие за 6-7 месеци. Но, во идеална ситуација, на десантот му е потребна уште посовршена техника, односно според изразите на командантот, - нешто помеѓу лесно оклопно возило и хеликоптер. Ова возило треба самостојно да гаѓа на оддалеченост од 50-100 километри, а со склопени крилја да се смести во авионите Ан-124 и Ил-76.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче