Кон крајот на емисијата се слушнаа прашања за самото место на шефот на државата. Извор: AFP / East News.
Политиколозите ја подвлекуваат динамичноста и цврстината со која шефот на државата одговараше на прашањата. Во исто време не беше кажано за никакви решенија кои би значеле корекција на моменталниот политички курс.
Според традицијата вниманието на граѓаните беше сконцентрирано на социјалните прашања. Во емисијата се слушнаа жалби за зголемените комунални трошоци кои не се основани, како и за ниските плати. Многумина експерти очекуваа разрешување на непопуларните министри, но Путин ваквите очекувања не ги оправда. Путин исто така го поддржа и претседателот на „Гаспром“ Алексеј Милер, чии позиции ослабеа по обвинувањата дека гасниот гигант ја „преспал“ „шкриличната револуција“ во САД.
Политиколозите обрнаа внимание на тоа дека оваа година Путин не ги избегна многуте „незгодни прашања“, меѓу кои и за несистематската опозиција. Претседателот изјави дека е подготвен за дијалог со опозицијата, притоа подвлекувајќи, дека нејзините лидери сами се оддалечуваат од воспоставување дијалог со власта. Притоа тој подвлече дека сега терминот „несистематска опозиција“ постепено ја губи својата актуелност, и предложи борба за места во парламентот со легални методи и понуда на позитивна програма на јавноста.
Според Путин, еден од факторите за дестабилизација на односите продолжува да биде империјалистичкото однесување на САД.
Прашањата за меѓународната политика се однесуваа во основа на односите со Америка. Путин изјави дека помеѓу Москва и Вашингтон постојат множество како нови, така и стари разлики, но без оглед на тоа, земјите мораат да ги развиваат билатералните односи. Според него, еден од факторите за дестабилизација на односите продолжува да биде империјалистичкото однесување на САД.
Кон крајот на емисијата се слушнаа прашања за самото место на шефот на државата. Путин беше прашан дали го смета министерот за одбрана Сергеј Шојгу за свој иден наследник. „Народот на Руската Федерација ќе го избере мојот наследник“, - одговори претседателот.
Според материјалите на РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче