Карикатура на Нијаз Карим.
Само еден куршумот со дијаметар од 9 милиметри беше доволен да го згасне животот на озлогласениот шеф на мафијата, Аслан Усојан, а воедно и да стави крај на цела една ера. Иако сè уште постојат гангстери кои себеси се нарекуваат провалници во законот, братството на советското подземје е пред истребување.
Суровиот код на однесување, со речиси монашка самодисциплина, непоколебливоста попрво да се оди в затвор одошто да се прекрши ветување, се само дел од митолошкото минато на руската мафија. Од друга страна, пак, иднината му припаѓа на еден сосема поинаков сој гангстери.
Иако сè уште постојат гангстери кои себеси се нарекуваат провалници во законот, братството на советското подземје е пред истребување.
Усојан, по потекло курдски Језид од Грузија беше надалеку познат под својот криминален прекар дедо Хасан и беше последната преживеана личност на традиционалната мафија. Бил воведен во ранговите на провалниците на законот во еден затворски камп во 1985 и оттогаш има изградено мултиетничка мрежа гангстери која на големо се ширеше низ земјата. На 75-годишна возраст, веќе не учествуваше директно во криминалните активност, туку, играше улога на постар државник - препознаваше можности, решаваше спорови, уживаше почит, а по потреба, го наметнуваше својот авторитет врз своите потчинети, па дури и врз аутсајдерите.
Во текот на овој процес има стекнато непријатели, а еден од нив беше и грузискиот гангстер Тариел Ониани (Таро), кој иако в затвор, не беше ништо помалку моќен, како и надежниот Азери Ровшан Јаниев. Но, што е уште поважно, тој воопшто не се смени со текот на времето.
Нема повеќе закон
Новата генерација криминални шефови, таканаречените авторитети, се пософистициран и поциничен сој. Декоративните тетоважи и звучните гангстерски имиња им се непознати.
Руското подземје веќе не се засновува на склучени договори кои завршуваат со ракување кое се смета за неприкосновено и во кое кумовите можат да се перчат со својата положба (Усојан честопати заседавал во московските ресторани) и во кое доволно е да се биде гангстер. Во практика, Ониани и Јаниев се провалници во законот, но како и многумина кои полагаат право на таа титула, не го следат законот, па традиционалистите на советската ера нема да ги признаат како провалници во законот.
Новата генерација криминални шефови, таканаречените авторитети, се пософистициран и поциничен сој. Декоративните тетоважи и звучните гангстерски имиња им се непознати. Тие се бизнисмени-криминалци кои ги прикриваат и ги комбинираат своите операции во подземјето со законски активности, и градат непосредни сојузништва со локалните и со националните политички елити. За разлика од Усојан, кој главно ги ограничуваше своите активности на Русија (со некакви врски во Украина и во Грузија), тие имаат меѓународни амбиции. Доминантен дел од нив се етнички Руси, за разлика од Грузијците, Чеченците и останатите кои доаѓаат од Југот и кои тежнеат кон постарите мачоистички традиции.
Гангстерите скротени
Уште пред Путин да стане претседател во 2000 година, конфликтите почнаа да се разрешуваат; тој, сепак, го забрза процесот со обезбедување финансии за полицијата, а исто така се изјасни и дека нема да толерира гангстерство по улиците.
Смртта на Усојан веројатно стави крај на уште една ера - на крајот на мирот во подземјето кој траеше цела деценија. Во деведесеттите Русија беше растргната од насилните конфликти во подземјето. Бандите се бореа да ја исполнат празнината која остана по падот на Советскиот Сојуз и да зграпчат територии и ресурси, додека, пак, на владата ѝ недостасуваа ресурси и волја да возврати. Уште пред Путин да стане претседател во 2000 година, конфликтите почнаа да се разрешуваат; тој, сепак, го забрза процесот со обезбедување финансии за полицијата, а исто така се изјасни и дека нема да толерира гангстерство по улиците.
Организираниот криминал не беше воопшто задушен, но беше скротен. Се адаптираше на новиот поредок, додека, истовремено, редовно прибегнуваше кон насилство за да ги израмни сметките и да ги казни сомничавите - и тоа на многу ефикасен начин.
Авганистански хероин
Овој нов поредок е, сепак, пред колапс. Новата генерација гангстери си го бара она што им припаѓа. Некогаш моќните банди станаа сиромашни за време на финансиската криза во 2008 година. За разлика од нив, други банди, пак, наеднаш се збогатија, зашто сите имаа полза од зголемените количества авганистански хероин што навлегуваше во и низ Русија.
Мрежата на Усојан може да се расцепка по фракциски или по етнички линии или, пак, да се соочи со внатрешна борба за превласт.
Овој т.н. северен пат низ Европа и Кина е заслужен за една третина од целата територија, а во прашање се доведуваат темелите на старата статус-кво положба.
Неизбежно е дека наследниците на Усојан ќе го возвратат ударот на оние за кои сметаат дека се виновни за неговото убиство. Неговата мрежа може да се расцепка по фракциски или по етнички линии или, пак, да се соочи со внатрешна борба за превласт. Тој сакаше да му го препушти своето место на внукот Мирон, но многумина се сомневаат дека тој е доволно подготвен. Ако бандите, кои главно потекнуваат од Кавказ, се навидум во неред, тогаш ова може да ги поттикне ривалите, етничките Руси, да се свртат против нив.
Со оглед на нестабилноста на сегашната распределба на моќ во подземјето, кој и да било оптек би можел да биде искра која ќе потпали цел круг крвави војни во мафијата. Па дури и да не се случи тоа, постои веројатност дека ќе настане преуредување на криминалниот свет, зашто авторитетите се натпреваруваат за издигнување. Како и да е, ерата на Усојан и провалниците во законот е завршена.
Марк Галеоти е професор по глобални прашања на Универзитетот во Њујорк. Тука можете да го прочитате неговиот блог „Во сенките на Москва“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче