Правила и услови

Натпреварувањето официјално почнува на 4 декември во 10:00 часот (според Московско време) и завршува на 18 декември 2014 година во 10:00 часот (според Московско време). Победниците од секоја земја ќе бидат прогласени на 19 декември 2014 година.

Во текот на натпреварувањето учесниците треба да ги испраќаат своите фотографии и видеа со симболот на Празничната сезона наRBTH на contest@rbth.com.

Испратените фотографии и снимки ќе бидат објавени во албуми од сите веб-сајтови на RBTH, страници на социјални мрежи и/или други извори на RBTH. Победникот во секоја земја ќе биде определен од бројот на допаѓања (like) и споделувања (share) на фотографијата и со одлука на редакцијата.

Правила и услови за извлекување на наградата

1.    Не се плаќа за слободно учество во Наградната игра („Наградна игра“). Со учество во оваа Наградна игра учесниците се согласуваат со правилата и признаваат дека непридржувањето до нив може да резултира со дисквалификација.

2.    За учество во Наградната игра, едноставно направете фотографија или кратко видео со симболот на Празничната сезона кој можете да го најдете во печатените додатоци на RBTH или онлајн. Испратете ја фотографијата или снимката на  contest@rbth.com со името на вашиот град и земја до 18 декември 2014 година.

3.    Оваа Наградна игра важи само за учесници на возраст над 18 години и не важи за директорите и вработените во Russia Beyond The Headlines (RBTH), нивните сестрински компании, агенции и потесното семејство. Наградната игра нема да се спроведува онаму каде што е забрането со закон. Сите државни и локални закони и прописи ќе се применуваат.

4.   Дозволено е само едно учество по лице. Во случај на навредливи фотографии, коментари или видеа, на учесникот ќе му биде забрането да учествува во натпреварувањето, неговото учество ќе биде избришано и коментарите ќе бидат избришани. Сите учества стануваат сопственост на RBTH и не се враќаат.

5.   Наградата се доделува на учесник кој ќе биде избран од другите читатели и редакцискиот одбор на RBTH. Победникот ќе биде известен во рок од 5 работни дена од датумот на извлекувањето на наградата.

6.    Победникот ќе треба да го потврди приемот на наградата во рок од 10 работни дена и да пополни и врати формулар за подобност во кој ќе бидат наведени информации за неговото живеалиштеДоколку наградата биде одбиена, или победникот не ја подигне, или доколку победникот не може да се контактира според информациите што ги доставил, RBTH има право да извлече дополнителен победник и да го извести по електронска пошта. На оригиналниот добитник му се одзема правото на награда.

7.    Освен ако е забрането со закон, со учество во Наградната игра, победниците се согласуваат да овозможат на RBTH да ги користи информациите за нивното име, наградата и градот и нивниот изглед за објавување онлајн, и/или за какво било рекламирање или публицитет без дополнителна компензација. Во секој случај победникот ќе биде информиран за употребата на неговите податоци преку електронска пошта.

8.   Наградната игра е конечна и никакви исти или слични информации нема да бидат вклучениНаградата нема еквивалент и Наградата не може да се пренесе на други лица. RBTH не дава никакво полномоштво или гаранции во врска со Наградата или за бројот на учесници кои земаат учество во Наградната игра.

9.    RBTH го задржува правото да ги поништи или измени и надополни овие Правила и услови или да ја замени Наградата (со таква со иста или со поголема вредност) доколку околностите го бараат тоа.

10. Во најголема мера што може да биде исклучена со закон, RBTH не прифаќа одговорност за грешка, пропуст, пречкабришење, дефект, доцнење во работата или преносот, кражба или уништување или неовластен пристап до или измени на материјалите за учество, или за технички, мрежни, на телефонската опрема, електронски, компјутерски, хардверски или софтверски неисправности од кој било вид, или непрецизен пренос од истата, или пропуст да се прими информација за учество од страна на RBTH за сметка на технички проблеми или згуснат сообраќај на Интернет или кој било веб-сајт или која било комбинација од наведеното. RBTH исто така не одговара за каква било повреда или штета на компјутерот на учесникот или кое било лице поврзано со играње или симнување какви било материјали во Наградната игра, или за учества по пошта или поднесени  кои се изгубени, задоцнети, неточно адресирани, оштетени, нецелосни или непогодни.

11.  ВНИМАНИЕСЕКАКОВ ОБИД ОД СТРАНА НА УЧЕСНИКОТ НАМЕРНО ДА ОШТЕТИ БИЛО КОЈ ВЕБ-САЈТ ИЛИ ДА ЈА ПОТКОПА ЛЕГИТИМНАТА РАБОТА НА НАГРАДНАТА ИГРА Е ПРЕКРШУВАЊЕ НА КРИВИЧНИТЕ И ГРАЃАНСКИТЕ ЗАКОНИ И ДОКОЛКУ СЕ СЛУЧИ ТАКОВ ОБИД, RBTH ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА БАРА ОТШТЕТА ОД БИЛО КОЈ ТАКОВ УЧЕСНИК ВО НАЈГОЛЕМА МЕРА ДОЗВОЛЕНА ОД ЗАКОНОТ. ВО СЛУЧАЈ ОВАА НАГРАДНА ИГРА ДА БИДЕ КОМПРОМИТИРАНА ИЛИ ДА СТАНЕ ТЕХНИЧКИ ОНЕВОЗМОЖЕНА НА КОЈ БИЛО НАЧИН, ЕЛЕКТРОНСКИ ИЛИ ПОИНАКУ, RBTH ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГО ПОВЛЕЧЕ ОНЛАЈН ПРЕНОСОТ ОД ОВАА НАГРАДНА ИГРА И ДА ОДБЕРЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИТЕ ПО ПАТ НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ ПО СЛУЧАЕН ИЗБОР ОД СИТЕ ПРИСТИГНАТИ УЧЕСТВА.

12.  Овие правила се дефинираат и толкуваат во согласност со законите на Русија. Споровите што ќе настанат во врска со оваа Спогодба ќе бидат предмет на неексклузивна надлежност на руските судови.

1.    Промотор е Russia Beyond The Headlines.

2.    Официјална адреса: Бул. 24, улица „Правда“бр. 4, 125993 МоскваРусијауправа на „Росијскаја газета“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња