Американците пресретнаа два Ту-95 и два Су-35

Американската војска испрати авиони-ловци за да ги следат бомбардерите Ту-95 на Воздушно-космичките сили на Русија на подрачјето на Алјаска, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“.

Американското воено воздухопловство испрати авиони-ловци за да следат бомбардери Ту-95 на Воздушно-космичките сили на Русија. До инцидентот дојде на подрачјето на Алјаска, соопштува телевизијата „Фокс Њуз“ повикувајќи се на воени извори.

Руските стратешки бомбардери во придружба на два ловци Су-35 се најдоа во зоната на воздушна одбрана на САД. Со цел нивно пресретнување, полетале стелт-авиони F-22 на Военото воздухопловство на САД.

Како што соопштува „Фокс Њуз“, руските авиони летале без оружје.

Во април бомбардери на ВКС на РФ четири дена едноподруго патролираа во воздушниот простор во близина на Алјаска“, пишува „Рамблер Њуз“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња