Според Спајсер, претседателот на САД Доналд Трамп е во тек со овие летови. Притоа портпаролот на Белата куќа истакна дека тоа не е нешто необично.
„Во тек сме со тоа“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали Трамп ја следи ситуацијата со руските бомбардери.
Спајсер додаде дека САД „исто така вршат патролирање во меѓународниот простор“.
„Тоа соодветствува на меѓународните правила“, изјави портпаролот на Белата куќа, пренесува RT.
Претходно Си-Ен-Ен соопшти дека руски бомбардери Ту-95 повторно биле забележани во близина на Алјаска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче