Медиум: Русија сака да ја смени ситуацијата во Македонија во своја корист

МНР на Русија ги обвини САД и ЕУ за мешање во политичкиот конфликт во Македонија и дека се обидуваат да манипулираат со него. Меѓутоа, „Вашингтон Пост“ ја нарече оваа изјава на руското министерство обид на Москва да ја смени ситуацијата во своја полза. Според изданието, причините за кризата во Македонија имаат чисто внатрешен карактер, иако не сите Македонци се согласуваат со тоа.

Демонстранти во маски влегоа во парламентот на Македонија и ги нападнаа опозициските пратеници, соопштува „Вашингтон Пост“. МНР на Русија ги обвини за поткопување на политичката ситуација во ова земја САД и Европската унија. Во соопштението на министерството се вели дека Западот се меша во политиката на Македонија и се обидува да манипулира „со волјата на граѓаните со цел отстранување од власта на легитимната влада“. Меѓутоа, изданието тврди дека неодамнешните судири во Македонија се пред сѐ последица на внатрешната криза, а не на странско мешање, а Русија се обидува да ја смени ситуацијата во своја корист.

По руските обвинувања Западот стана уште позагрижен поради тоа што Москва поддржува партии и политичари кои потенцијално можат да заземат попријателска позиција спрема Кремљ. „На Балканот и во Источна Европа Русија се позиционира како партнер-алтернатива на ЕУ – затоа што десницата и конзервативните групи гледаат во ЕУ со сѐ поголема сомничавост“, пишува изданието.

Сепак „Вашингтон Пост“ инсистира дека корените на конфликтот во Македонија се од чисто внатрешен карактер. Последните две години, јазот меѓу поддржувачите на сѐ порепресивната конзервативна влада и опозицијата само се зголемуваше. Свој придонес во овој процес имаше скандалот, поврзан со обвинувањата упатени до владејачката партија за следење на новинари, како и за нелегално прислушување. Особено по изборите во декември, опозициските партии добија некаква власт, но никој е успеа да добие очигледно мнозинство. Конфликтот, исто така, е поврзан и со етничкиот фактор: во Македонија живеат околу 25% Албанци, но долго време тие не беа застапени на политичката сцена.

Во Македонија има некаква јавна поддршка мислењето на Русија дека новите тензии се поттикнати токму од САД и Европската Унија. Така, во текот на последните избори САД мораа официјално да ги негираат гласините дека тие поддржуваат одреден кандидат во Македонија, пишува изданието, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња