Русија не гледа причина за нови американски санкции против Сирија

Русија не гледа повод за нови санкции на САД против Сирија, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов.

Русија не гледа никаква основа за воведување санкции на САД против Сирија поради наводните напади со хемиско оружје, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов.

„Ние предложивме да се испрати независна група експерти за да ги проверат сите тие тврдења. За жал, Американците не ја поддржаа таа иницијатива. А тоа што воведуваат санкции против Сирија, ние не гледаме никакви причини за тоа, не беа презентирани факти кои го потврдуваат тоа, не беа презентирани“, изјави рускиот дипломат, пренесува  RT.

Претходно медиумите соопштија дека администрацијата на Доналд Трамп планира да воведе нови санкции против Сирија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња