Лавров: Одлуката на САД да блокира испраќање инспектори во Идлиб загрижува

Во петокот Организацијата за забрана на хемиско оружје со мнозинство гласови го отфрли предлогот на Москва и Техеран да биде спроведена истрага во Хан Шејхун во Сирија.

Загрижуваат потезите на Вашингтон и неговите западни партнери кои го блокираа испраќањето инспектори на местото на хемискиот напад во Идлиб, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Нема сомнение, потезите на САД и нивните западни партнери, кои го блокира испраќањето инспектори на местото на инцидентот за да ја утврдат вистината во врска со примената на хемиски средства, се многу загрижувачки“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад”.

Според него, зад овие потези се крие обид да се најде изговор да не се испочитува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за политичко решение во Сирија.

 

Лавров исто така укажа дека на тој начин САД сакаат да го пренасочат вниманието на меѓународната заедница кон создавање претпоставки за смена на режимот во Сирија.

Според Лавров, спонзорите на Високиот комитет за преговори на сириската опозиција треба да сфатат дека повеќе не е во ред да ја следат линијата на опозиционерите која зазема деструктивен став.

„Претставниците на

Високиот комитет за преговори се откажуваат од сѐ што е можно, освен од разгледување на прашањето за соборување на Башар Асад од власт што никако не е предвидено, и згора на тоа, директно е забрането со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“, изјави Лавров.

Во петокот Организацијата за забрана на хемиско оружје со мнозинство гласови го отфрли предлогот на Москва и Техеран да биде спроведена истрага во Хан Шејхун во Сирија. Русија потоа истакна дека има право да ги преземе сите мерки за утврдување на вистината за „нападот со хемиско оружје“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња