МНР на РФ: Се надеваме на конструктивна соработка од Тилерсон

Москва се надева на продуктивни преговори со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, тоа е важно за намалување на меѓународната затегнатост, изјави Министерството за надворешни работи на Русија.

„Во врска со работната посета што почнува денеска на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Русија, би сакале да истакнеме дека сметаме на продуктивни преговори. Тоа е важно не само за перспективите на понатамошната билатерална соработка, туку и за општата атмосфера на меѓународната сцена“, се вели во коментарот на Одделот за информација и печат на МНР на Русија.

Министерството смета дека државниот секретар ќе дојде со ставови за сите прашања од заемен интерес.

„Подготвени сме за секаков развој на настаните, сепак претпочитаме таква работа која ќе ја намалува меѓународната напрегнатост, а не да ја зголемува. Очекуваме не конфронтација, туку конструктивна соработка. Се надеваме дека истото го сака и американската страна“, истакнува руското МНР.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ќе престојува во официјална посета на Москва од 11-12 април, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња