Трамп и Меј ќе се обидат да ја убедат Москва да го раскине сојузот со Асад

Лидерите на Велика Британија и САД имаат големи надежи во претстојната посета на Тилерсон на Москва.

Премиерот на Велика Британија Тереза Меј и претседателот на САД Доналд Трамп во текот на телефонскиот разговор дискутираа за посетата на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Москва која, според мислењето на лидерите на двете земји, ќе помогне „да се постигне напредок“ во регулирањето на ситуацијата во Сирија.

„Тие се согласија дека посетата на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Москва неделава дава можност да се постигне напредок во барањето решение кое ќе доведе до стабилно политичко решение“, се вели во соопштението, објавено на сајтот на британскиот премиер.

Во него се истакнува дека американскиот лидер „ѝ се заблагодари на премиерката за нејзината поддршка во врска со минатонеделните воени дејствија на САД против режимот на Асад“.

„Премиерот и претседателот се согласија дека сега постои уникатна можност да се убеди Русија дека нејзиниот сојуз со Асад веќе не е во нејзините стратешки интереси“, се потенцира во соопштението, пренесува „Интерфакс“.

Покрај тоа, Меј и Трамп „ја разгледаа во целина ситуацијата на Блискиот Исток, вклучително и заканата во регионот која доаѓа од Иран“. „Премиерката и претседателот исто така ја потенцираа важноста на меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Кина, во вршењето притисок врз Северна Кореја со цел одвраќање на заканата што ја создава Северна Кореја“, се вели во соопштението.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња