Уапсен руски програмер во Барселона

Компјутерските експерти сметаат дека Петар Левашов, рускиот програмер кој беше приведен од шпанската полиција, е познатиот спамер познат под псевдонимот Peter Severa.

Притворениот во Шпанија руски програмер Петар Левашов е осомничен дека е „кралот на компјутерските спамови“, познат како Peter Severa, пренесува „Њујорк Тајмс“. Peter Severa спаѓа во топ-10 сајбер-престапници во светот според верзијата на организацијата „Спамхаус“, која се занимава со следење на работата на спамерите.

Компјутерските експерти сметаат дека тој е вмешан во креирањето на хакерски програми за да влијае на исходот на претседателските избори во Русија во 2012 година. Со помош на компјутерскиот вирус Kelihos тој испраќал пораки со лажни вести со кои се компромитирал Михаил Прохоров, кој беше претседателски кандидат. Тој, исто така, се занимавал со испраќање спамови и работел со Алан Ралски, американски спамер осуден во САД за измама. Тој е, исто така, осомничен за вмешаност во хакерските напади со намера да се влијае на исходот на изборите во САД во 2016 година во корист на Доналд Трамп.

Некои експерти сметаат дека Петар Severa може да биде поврзан со руските специјални служби, затоа што во 2012 година тој се обидел да регрутира на затворени сајтови хакери за учество во програмата на владата за организација на напади врз сајтовите на исламски екстремисти. Меѓутоа подоцна тие се откажале од наведената програма.

Од групата „Спамхаус“ се уверени дека Петар е Peter Severa. Во исто време, американскиот експерт за сајбер-безбеднист Брајан Кребс порано претпоставуваше дека под тој псевдоним се крие друг Русин - Виктор Ивашов.

Во текот на викендот шпанската полиција го уапси во Барселона, на барање на американските власти, рускиот програмер Петар Левашов. Тој е осомничен за хакирање. Во Барселона бил со семејството на одмор. За апсењето соопшти неговата сопруга. Руската амбасада во Мадрид, исто така, го потврдува приведувањето, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња