Брендот „руски хакер“ повторно се најде на насловните страници на весниците по американските избори. Според експертите руските хакери не постојат. Поточно, тие не се сосема руски.
„Руските хакери се митски лик“, смета Алексеј Лукацки, бизнис-консултант за безбедност во Cisco Systems. Според него „руски“ се нарекувани од западните служби за безбедност не само жители на Русија, ами и од соседните земји, кои претходно влегуваа во составот на СССР - Украина, Белорусија, Казахстан и дури балтичките држави Литванија, Латвија и Естонија.
А, потпретседателот на InfoWatch Рустеми Хајретдинов пак смета дека „руските хакери“ може да се дури и американски државјани. „Под руски хакери обично се подразбираат сите луѓе кои добиле советско или руско математичко образование“, вели тој. „Тие можат да се државјани на која и да е земја во светот, вклучувајќи ги и САД“.
Според зборовите на експертите, она со што навистина се одликуваат хакери обучени по рускиот математички систем е специјализацијата за „хакирање“. Тие имаат свој специфичен ракопис. „Овие хакери се обединети од слободата на размислување - Русите се научени да бараат нестандардни решенија на традиционални задачи“, вели Лукацки. „Оваа карактеристика на советското образование сè уште влијае и ги издвојува руските хакери кои не мислат шаблонски“.
Впрочем, како што забележува Рустеми Хајретдинов, нивото на математичката подготовка на „руските хакери“ веќе ги надминало Корејците, Израелците и Кинезите. „Претходно за „руски стил“ се сметаше компактниот код, бидејќи руските студентите често чувствувале недостиг на компјутерски ресурси и се научени да се задоволуваат со малку“, вели Хајретдинов. „Но, сега оваа школа заминува“.
Според податоците на InfoWatch во светот дејствуваат активно десетици илјади хакери. Во исто време веродостојни податоци постојат најмалку за неколку десетици - оние кои се веќе разобличени. „'Црните хакери' заработуваат од злосторства и се трудат да не се задржуваат долго на едно место“, забележува Хајретдинов." Пол, возраст, образование - ова се податоци кои не се познати, додека не ги фатат. Статистиката на случаите кои стасале до суд е нула“.
Експертите наведуваат дека хакерите дејствуваат од различни побуди. „Постојат хакери кои присвојуваат пари од банки, други бараат 'дупки' во странски производи и ги продаваат овие информации. Конечно, постојат и такви хакери кои биле пресретнати од малку луѓе, но кои претставуваат закана за светскиот поредок, односно т.н. државни хакери. Според американските медиуми тие уништува сè што ќе им нареди Кремљ“, вели Лукацки.
Географијата на хакерите е широка - можете да ги најдете и во неголеми сибирски градови, до научните центри, т.н. академски гратчиња, и во јужниот дел на земјата. Најчесто тие избираат топли и евтини дестинации кои не екстрадираат криминалци - Виетнам, Тајланд, Индонезија.
„Светот стана мал. Можеш да живееш во една земја, а да 'работиш' во друга“, убеден е Хајретдинов. „Нема места на физичко собирање - тие вработуваат свои колеги во виртуелниот свет. За заедничка работа не треба да се среќаваат, па дури и да се познаваат, во виртуелниот свет тие се познаваат по прекарите“.
По правило државјаните на Русија најчесто се фаќаат во странство. Така во октомври 2016 година, под сомнение за хакирање на социјалната мрежа LinkedIn, по наредба на ЦИА уапсен е Евгениј Никулин. САД инсистираат за негова екстрадиција, а властите во Русија инсистираат за неговото враќање во татковината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче