Путин со сочувство во врска со терористичкиот напад во Египет

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до претседателот на Египет Абделфатах Ал-Сиси во врска со бомбашките напади во градот Танта.

„Злосторството, извршено во екот на верски празник, изненадува со својата суровост и цинизам. Очигледно е дека терористите се стремат не само да ги заплашат луѓето, туку и да посеат раздор меѓу луѓето од различни вери. Сепак, убеден сум дека нема да ги постигнат своите злосторнички цели“, се вели во изјавата на Путин, објавена на сајтот на Кремљ.

Путин истакнува дека заедно со другите одговорни членки на меѓународната заедница, Русија и Египет ќе успеат да им се спротивстават на силите на теророт, „да ја искоренат нивната идеологија на омраза спрема човекот“.

Рускиот лидер исто така упати зборови на сочувство до семејствата и пријателите на убиените и желби за брзо закрепнување на повредените.

Претходно во градот Танта, во коптската црква „Свети Ѓорѓи“ одекна експлозија. Во нападот, според најновите податоци, 30 луѓе загинаа, а десетици беа повредени.

Подоцна медиумите известија дека во Танта одекнала и втора експлозија во близина на полициската станица.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесе дека во Египет имало и трета експлозија – експлодирала бомба на влезот во една црква во градот Александрија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња