Различни правобранителски организации, чиновници и религиозни дејци обрнуваат внимание на трагичната судбина на христијаните на Блискиот Исток. Според податоците на руски дипломати во светот на прогон се подложени меѓу 150 и 200 милиони христијани.
Најсложена е ситуацијата со христијаните во Ирак, Либија и Сирија. Патријархот на Руската православна црква (РПЦ) Кирил, во изјава за положбата на христијаните во овие земји, изјави дека тие се подложени на геноцид.
Според податоците на организацијата „Помош на црквата која има потреба“ (Aid to the Church in Need) христијаните масовно ги напуштаат земјите од Блискиот Исток и Северна Африка, кои се лулка на христијанската религија поради страв дека можат да бидат истребени од радикалните групи.
Според организацијата, ако ситуацијата не се промени, по пет години во Ирак, на пример, нема да останат никакви христијани. Во оваа земја од почетокот на 2000 до 2014 година нивниот број се намали 10 пати - до 150 илјади лица.
Пред почетокот на граѓанската војна во 2011 година во Сирија имало 2 милиони христијани. Но, во следните две години половина од нив ја напуштиле земјата. Во Либија, како што објавија медиумите, дојдените на власт по соборувањето на режимот на Гадафи исламисти често ги подвргнуваат христијаните на сурови прогони.
Многу луѓе се на мислење дека положбата на христијаните во Блискиот Исток и Северна Африка се влошила дополнително по таканаречената Арапска пролет во 2011 година - бран револуции против авторитарните режими помина низ земјите од регионот. Но, се виде задната страна на демократијата – се заострија конфликтите меѓу верите.
Во неодамна подготвениот извештај на експертскиот центар при Светскиот руски народен собор (ВРНС) - јавна организација која работи под покровителство на РПЦ - се зборува за „трагичните метаморфози“ на антиавторитарните револуции во Либија и во Египет, падот на авторитарниот режим во Ирак и граѓанската војна во Сирија. Како што се истакнува во документот, сите овие настани се случиле не без надворешно мешање во обид во овие земји да бидат наметнати вредностите на западната политичка култура.
Авторите на извештајот сметаат дека ова доведе до трагични последици за верските малцинства, особено за христијаните. „Обидите во традиционалната почва на овие земји да бидат имплантирани парламентарни модели на управување <...> од корен ја менува положбата на верските малцинства“, сметаат експертите од ВРНС. „Тие почнуваат да не се сметаат како „побратими“, кои припаѓаат на едно семејство, ами како претставници на противничка партија, како непомирливи конкуренти, кои треба да бидат отфрлени од дадениот социум, вклучувајќи и физичко отфрлање“.
Инструмент на репресиите против христијаните станува радикалниот ислам, особено движењето „Исламска држава“ (ИД).
Русија се обидува на некој начин да се заложи за христијаните на Блискиот Исток, со тоа што кон проблемот им го обрнува вниманието на авторитетните меѓународни организации. Руските дипломати ја истакнаа потребата на блискоисточните христијани да добијат заштита на крајот на јуни на сесијата на Советот на ОН за човекови права. Делегатите на Русија го поврзаа прогонот на христијаните во светот со положбата на христијаните во европските земји.
Претставникот на Руската Федерација изјави дека многу земји во Европа „тргнаа по патот на негирање на своите корени, на прво место на христијанските вредности, кои се во основата на европската цивилизација“.
Првиот човек на Институтот за национална стратегија Михаил Ремизов смета дека она што се случува со христијаните во Блискиот Исток, во голема мера е последица на промените кои се случуваат во современото западно општество. Општеството се фрагментира под влијанието на глобализацијата, претворајќи се во конгломерат од малцинства кои не се единствени. Ширењето на радикалниот ислам во лицето на идентификацијата, која се стреми кон тотален и тоталитарен калифат, во голема мера е реакција на ваквиот процес.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче